1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

НАСА сними голем ураган на Сатурн

Спектакуларните нови слики коишто ги испрати вселенското летало на НАСА, кое орбитира околу Сатурн пружиле досега најдетален увид во голем ураган кој ја зафатил областа околу северниот пол на планетата.

Новите снимки коишто одушевуваат и видео снимката на ураганот на Сатурн коишто ги испрати сондата „Касини“ на американската агенција за вселенски истражувањa НАСА , покажуваат дека „окото“ на бурата е широко околу две илјади километри, околу 20 пати поголемо вообичаено од центарот на бура којашто се формира на Земјата. Бурата на Сатурн е и многу посилна од бурите на Земјата и на нејзините периферни рабови ветриштата дуваат со брзина од околу 530 километри на час.

„Се изненадивме кога го видовме тој вител, бидејќи толку потсетува на ураганите на Земјата. Меѓутоа, тоа беше на Сатурн, во многу поголеми димензии, и успева да се формира со мали количества водена пареа во атмосферата на Сатурн од водород“, вели Ендрју Ингерсол член на тимот кој ги анализира снимките направени од „Касини“.

За разлика од ураганите на Земјата, коишто поради нејзината ротација одат кон север, бурите на Сатурн на северниот пол се одржуваат подолго време.

„Поларниот ураган нема каде да замине и затоа заглави на северниот пол“, вели Кунио Сајанаги од универзитетот Хамптoн, исто така члeн на тимот на НАСА.

Иако ураганот на Сатурн е посилен и поголем од оние на Земјата, на некој начин бурите на двете планети се слични. На пример, од двете го имаат централното „око“ кои содржи малку или многу малку облаци, Според научниците, втората заедничка одлика се високите облаци коишто формираа ѕид околу „окото“ и виор на северната хемисфера во насока обратна од онаа на показалките на часовникот.