1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

НАСА слушна глас од Марс

Интергалактичка премиера на мисијата на Кјуриозити на Марс - возилото испрати човечки глас од Црвената планета до Земјата.

Во американската вселенска агенција меѓутоа со помош на Кјуриозити не се јавија малите зелени човечиња, туку шефот на НАСА, Чарлс Болден. Тој, се разбира, не е лично на Марс, туку на Кјуриозити му даде тонска снимка која ја сними на Земјата.

Преносот на изјавата на Болден функционираше беспрекорно и не е само трик на научниците на НАСА. Експертот за вселената Дејв Лејвери пред новинарите изјави дека преносот навистина е „мал чекор“, но докажува дека при, за во иднина, планираните мисии на Марс со човечки екипаж астронаутите ќе можат да комуницираат со Земјата.

Споредби со Нил Армстронг

Лејвери овој најнов успех на Кјуриозити го доведе во релација со неодамна починатиот прв човек кој стапна на Месечината, американскиот астронаут Нил Армстронг:

„Направен е натамошен мал чекор за проширување на човечкото присуство настрана од Земјата“.

При слетувањето на Месечината, Армстронг на 20. јули 1969. година ја изговори позанатата реченица: „Ова е еден мал чекор за човекот, но еден огромен скок за човештвото“.

НАСА претстави и други фотографии од Марс кои ги направи Кјуриозити. На панорамска фотографија се гледаат повеќе карпи во околината на роботот.

Потрага по евентуални форми на живот

Кјуриозити е најскапиот и најефикасен робот изграден за истражување на други планети. Мисијата која чини 2,5 милијарди долари е планирана да трае две години. Возилото робот слета на Марс на 6. август по повеќе од осуммесечно патување низ вселената. Целта на мисијата пред се‘ е да испита дали на Црвената планета постоеле форми на живот.