1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАСА откри организам кој живее на отрови

Научниците на НАСА откриле организам кој не само што преживува во средина богата со отровен арсен, туку успева и да го инкорпорира овој елемент во својата ДНК. Можен ли е живот и на други планети?

default

Бактеријата која живее на арсен под микроскоп

Водачот на истражувачкиот тим, астробилогот Фелиша Волф- Сајмон на прес-конференција објави дека во соленото езеро Моно, во Калифорнија, била откриена бактерија којашто се разликува од сите останати облици на живот на Земјата. Бактеријата наместо фосфор, кој се смета за еден од основните елементи на животот, користи отровен арсен.

„Откривме организам кој може да замени еден елемент со друг. Тој прави нешто неверојатно. Животите што ги познаваме користат јаглерод, водород, азот, кислород, фосфор и сулфур како главни елементи за ДНК; протеините и мастите. Значи откривме организам кој може да замени еден од тие шест клучни елементи“, рече Волф-Сајмон.

Ако го има на Земјата, го има и на друга планета?!

Необичниот микроб е наречен ГФАЈ-1, и е дел од групата гамапротеобактерии. За време на експериментот, на оваа бактерија постепено и‘ се намалувало количиеството

NASA Bakterien Arsen

Научниците на НАСА - д-р Роналд Оремланд и д-р Фелиша Волф-Сајмон

на фосфор и и’ се зголемувало количеството на арсен. Откритието покажува дека организми на други планети во биохемиските процеси би можеле да користат други елементи и дека оние елементи кои досега се сметаа за апсолутно неопходни за живот не се непроменливи.

„Ова ќе ни‘ даде повеќе информации за животот на нашата планета, и се надеваме дека еден ден ќе ни‘ даде повеќе податоци за можниот живот и на други планети низ универзумот“, рече Волф-Сајмон.

Способноста на организмот да живее и да се развива со арсен укажува на можноста дека на некоја друга планета или месечина, каде арсенот е многу често присутен во големи концентрации, може спонтано да се појави облик на живот кој го користи овој елемент.

Автор:БГ/СН/ап/дв/макфакс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска