1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нарушени норми и ветувања

Во Македонија и официјално започна кампањата за предвремените избори на 1 јуни.Стартот е означен со многу ветувања, но и серија инциденти кај албанскиот политички блок. И спорот со името се наметна како предизборна тема.

default

И покрај потпишаниот кодекс за фер избори, кампањата стартуваше со инциденти

Првиот ден од изборната кампања во Македонија започна серија инциденти во албанскиот политички блок. Стрелано е врз партиски штабови на ДУИ, а како дел од политичките пресметки запалена е и дискотека во Гостивар. Сопственикот обвини.

„Позадината на нападот е ДПА, тие го имаат направено ова“, рече Фадиљ Арслани, сопственик на дискотеката „Голден гејт“. Слично обвинување следеше и од седиштето на ДУИ. Талал Џафери изјави:

„Активистите на ДПА во нападите беа поддржани директно од полициските единици Алфа“.

Тачи се претстави во американски стил

Овие инциденти се случија на официјалниот старт од предизборната кампања во земјата која вчера прва ја започна Демократската партија на Албанците - со гала претстава и настап на лидерот во стил на американско политичко шоу.

Menduh Taci von DPA, Mazedonien

Мендух Тачи

По огромната сцена на спортската сала во Гостивар, Мендух Тачи се движеше делејќи внимателно избрани пораки.

„НАТО, ЕУ и САД ни се стратегиски партнери. Тоа е иднината на Албанците и затоа е нужен компромис за името со нашите соседи“, рече во Гостивар Мендух Тачи.

Спорот со името сепак предизборна тема

И покрај тоа што партиите си ветија дека проблемот со името нема да биде дел од предизборната кампања, грчко - македонскиот спор и идентитетот очигледно ќе бидат меѓу политичките приоритети кај македонскиот политички блок

„Идентитетот не може да биде истргуван за полн стомак. Особено не за шопинг во Солун и за сончање на Халкидики. Затоа во Европа ќе влеземе како Македонци и никако поинаку“, рече Груевски обраќајќи се на собирот на Македонците од егејскиот дел.

Nikola Gruevski nach den Parlamentswahlen in Mazedonien

Никола Груевски очекува нова победа

Името беше неодминлива тема и во Охрид, од каде синоќа традиционално стартуваше изборниот караван на ВМРО ДПМЕ, овојпат со лидерите на 18-те партнери од коалицијата „За подобра Македонија“. Груевски во својот говор меѓу другото најави продолжување на реформите, раст на економијата и привлекување на повеќе странски инвестиции

Коалицијата „Сонце“ вети членство во НАТО и покана за ЕУ

Koalition Sonne Kandidaten für die Parlamentswahlen in Mazedonien am 1 Juni

Кандидатите на коалицијата „Сонце“

СДСМ и коалицијата „Сонце“ кампањата ја започнаа во Штип. Лидерката на социјалдемократите Радмила Шеќеринска вети:

„За шест месеци Македонија ќе ја добие поканата за НАТО и преговори со ЕУ“. Таа меѓу приоритетите ги наброја и економските реформи, справување со инфлацијата и решавање на проблемот со стечајците. Шеќеринска предупреди и дека власта со 20 милиони евра ги поткупила медиумите во Македонија. Нејзиниот нов коалиционен партнер од НСДП, Петковски во говорот во Штип изјави:

„Немаме право да и ја земеме иднината на Македонија. Тоа е нашата задача на коалицијата Сонце - коалиција за Европа“, рече Петковски довчерашен владин партнер, а сега главен критичар на Груевски.