1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Народ што сака да слави

За Британците се „зелкари“, за повеќето се едноставно само крути и работливи. Така барем гласат клишеата. Одвреме-навреме даваат повод за негативни наслови. Сепак, причина да не се допатува во Германија - нема.

default

Едно пивце...и уште едно...

Кој ќе стапи во контакт со Германци, често е изненаден. Имено, повеќето слават со задоволство и наголемо. Најрадо се среќаваат во кафулиња на едно, па добро… на повеќе пивца. Притоа, воопшто не е правило да се јаде кисела зелка, а познатите кожни панаталони се носат само на народни прослави во Јужна Германија.

Народни прослави има многу. Вистински диво станува во т.н. “петто годишно време“ во “упориштата“ на карневалот, како Келн и Мајнц. Таму луѓе што не се познаваат, облечени како кловнови, шеици или надгробни споменици, се прегрнуваат и бакнуваат. Човек се фаќа за другите што слават, се ниша и пее песни, што во „нормалниот живот“

Deutschland Karneval Köln Weiberfastnacht Funkemariechen

Карневалот во Келн е дел од германската култура

никогаш не би ги пеел. Низ градовите се движат карневалски поворки и накитени возила.

Непријателството кон странци (не)е тема

Од почетокот на деведесетите години, Германија станува тема на домашен терен и во странство со напади кои имаат десно-екстремна позадина. Повеќето Германци реагираат огорчено на нападите врз странци. Многумина излегоа на улиците за да демонстрираат против непријателството кон странците или се организираат во здрженија за да се зајакне подоброто меѓусебно разбирање. Политичарите исто така, ги осудуваат десниот екстремизам и непријателството кон странци, зашто екстремизмот и насилството се неспоиви со животот во Сојузната република.

Бројот на расисти подготвени на насилство, вкупно земено, е мал. Тие се мало малцинство во општеството, кое одамна е мултикултурно. Од вкупно 82 милиони граѓани кои живеат овде, 7,3 милиони луѓе имаат странско потекло. Во Германија, како што покажуваат и големиот број статистики, нема повеќе непријателство кон странците отколку во другите европски држави. Оттука, странците речиси секогаш можат безбедно да се движат во Германија.