1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Народна банка да остане надвор од дневната политика“

Народна банка мора да ја задржи самостојноста наспроти владата и да не биде политички инструментализирана. Мора да се чува стабилниот курс на денарот,вели во интервју за ДВ, гувернерот на НБМ во заминување Петар Гошев.

default

Петар Гошев

Македонскиот буџет, од стартот на годинава, се полни со дополнителни над 20 милиони долари од акцизите на нафтените деривати и владата нема намера да го брани стандардот преку намалување на цените на дизелот и бензинот. Поскапувањето на храната и енергијата на светските берзи најверојатно ќе продолжи да се рефлектира и врз македонската економија.

„Знаците се предупредувачки, но не и загрижувачки , затоа е рано за затегање на кредитно-монетраната политика“, коментира, во интервју за ДВ, Петар Гошев, Гувернер на Народна банка на Македонија во заминување.

Mazedonien Land und Leute

Народна банка на Македонија

Инфлацијата за март над 4 насто

Тој оценува дека инфлацијата уште предходниот месец ја надмина проектираната стапка од 3 насто на годишно ниво, а во март ќе биде и над 4 насто.

„ Можно е, со одредена динамика, таа да расте до јуни, зашто шокот во понудата со поскапена храна и енергија на светските пазари ќе ја одржува и овдешната инфлација, но рано е да се размислува за затегање на кредитно-монетарната политика, како една од мерките за нејзина контрола. Народна банка во мај ќе направи пореална проценка за движењењто на инфлацијата над проектираното ниво, ако продолжи тенденцијата на зголемена побарувачка или недостиг на храна и енергија“ вели Гошев.

Тој меѓутоа смирува со образложението дека инфлацијата не е подгреана од внатрешната потрошувачка, како во 2008 година. „Кредитниот раст на деловните банки тогаш беше над 30%, дури и до 40 насто, платите не растат, а тие се важен фактор за страв од спиралата на двоцифрена инфлација“.

Гувернерот на централната банка објаснува дека користењето на аранжманот од 400 милиони долари, со ефтина камата на враќање, е нов модел на аранжман на ММФ.

„ Тие средства имаат прецизна намена – можат да се користат во услови на поголеми шокови во државниот буџет, што би ја оневозможиле Владата да искористи друг рационален формат на сервисирање на дефицитот во државната каса преку задолжување на странските финасиски пазари и продажба на еврообврзница, ако камата за неа е релативно ниска, под 7 одсто. Ако тоа е шокантно и скапо, тогаш пристапот до овие средства доделени од ММФ, имаат своја реална финансиска потпора и сигурност за пополнување на буџетскиот дефицит“, истакнува Гошев. Народна банка располага со девизни резерви од 1,7 милијарди, што е доволно за 4,5 месечна покриеност на увозот.

„Како централна банка на Македонија ги следиме и последиците од катастрофалната хаварија и несреќа во Јапонија, зашто индицираат внимателно анализирање на берзите и светските финансии каде Македонија би требало да се задолжува за пополнување на дефицитот, преку надворешно задолжување“, вели гувернерот.

Mazedonien Land und Leute

Инфлацијата овојпат не е подгреана од внатрешната потрошувачка како во 2008 година

Стабилноста на денарот како основа

На таа функција го избра парламентарното мнозинство на тогаш владејачкиот СДСМ а го номинираше предходниот шеф на државата Бранко Црвенковски. Во мај ја напушта функцијата и му ја предава на штотуку избраниот Димитар Богов кој е актуелен вицегувернер. Оваа владејачка гарнитура се обиде да иницира разрешување на Гошев, преку собраниска интерпелација, а го напаѓаше за тврдата кредитно- монетарна политика во чиј фокус беше стабилноста на денарот.

„Јас сум задоволен што НБМ остана надвор од дневните политички влијанија и ја задржа својата важна улога на самостојност во креирањето на кредитно- монетараната политика чија основа беше одржување на стабилен курс на денарот, како клучен инструмент во услови на економско-финасиската криза, со рецесијата во која западнавме при пад на домашната економија и стагнација во раст на Брутоопштествениот производ“, оцени Петар Гошев за Дојче Веле. Тој е еден од политичките основоположници на македонската демократска пролет пред самостојноста во 90-тите, а последните седум години беше третиот Гувернер на НБМ од осамостојувањето на Македонија.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Симе Недевски