1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нарко картел обезглави 49 луѓе во Мексико

Четириесет и девет обезглавени тела се пронајдени покрај автопат во близина на северниот град Монтереј во Мексико. Полицијата објави дека нарко картел е одговорен за убиството.

Меѓу убиените 43 се мажи, а шест жени. На сите нив освен главите им биле отсечени и рацете и стапалата. Одговорноста за убиствата, кои претставуваат еден од најголемите удари на мексиканската борба против нарко картелите, ја презеде групата Зетас.

Телата се најдени покрај патот што води кон Тексас и се смета дека убиствата претставуваат пресметка меѓу два доминантни нарко картели. Властите велат дека ќе мораат да направат ДНК анализи за да ги идентификуваат телата и сметаат дека лицата биле убиени пред два дена на друга локација, а дека потоа се пренесени на местото каде се пронајдени обезглавените тела.

Ваквите случаи на расфрлање тела во Мексико се зголемија во последните шест месеци, откако се заострија судирите меѓу двете нарко групи Зетас и Синаола картел.