1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Наредната проба во Њу Хемпшир

Предизборите за претседателските кандидати во сојузната држава Ајова, на Американците им подарија изненадувања и кај демократите, и кај републиканците. Ајова важи за провинција, значи и не многу репрезентативна.

default

Хилари и Обама дефинитивно остри ривали




„Секогаш верував во младите луѓе, иако се велеше дека нема да излегуваат на избори„. Барак Обама, благодарение на илјадниците што не и припаѓаат на ниту една партија, ја победи во Ајова најсериозната ривалка Хилари Клинтон. Сега се надева на повторување на тој успех во Њу Хемпшир. 46-годишниот сенатор од Илиноис ја има најдобрата стартна позиција за тој предизбор, во држава што важи како помалку провинцијална од Ајова. Затоа исходот од Њу Хемпшир ќе има поголемо влијание за наредните решенија во други сојузни држави. Пех за Хилари Клинтон беше што во Ајова ја загуби улогата на фаворит: „Јас ја преземам одговорноста! Кај оние преку 45 години бев добра, кај оние под 30, не. Аа тоа одговорноста е моја„, го анализираше Клинтон неуспехот. И повлече консеквенци, а би можело да се каже и сопирачка. Место врз искуството како сенаторка и поранешна прва дама, сега фокусот го става врз младите: „Сакам да бидам претседателка зашто станува збор за иднината, пред се за младите Американци„. Дали тоа ќе помогне? Тим Расет од ТВ - НБЦ, за шансите на двајцата топ-демократи: „Барак Обама доаѓа во Њу Хемпшир каде што 45 насто избирачи се независни што е многу плодно тло за него. Меѓутоа оваа држава имаше жена гувернер, има многу жени на важни владини позиции, што е добро за Хулари Клинтон„. Наспроти тоа во Њу Хемпшир има помалку конзервативни христијани што е лошо за бившиот свештеним Мајк Хакеби, кој исто така беше изненадување во Ајова. Затоа решението кај републиканците би можело да падне меѓу екс-гувернерот Мит Ромни и сенаторот Џон Меккејн. Ромни за Меккејн: „Меккејн може да тврди и невозможно: дека е републикански кандидат кој е за промени„. Меккејн одговара: „Воопшто не ми се допаѓа што човек како Ромни го менува мислењето за сите важни политички прашања„. Џон Харвуд од весникот „Вол стрит џорнал„ за изгледите на републиканските кандидати: „Сите познати кандидати имаат шанса да бидат номинирани. Некогаш во една , некогаш во друга сојузна држава. Меѓутоа во моментов не постои таков што може да се надева на мнозинство во сите држави„.