1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Наредната недела средба на Нимиц со преговарачите Василакис и Јолевски

Посредникот во спорот со името Метју Нимиц ги покани преговарачите Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски на средба во седиштето на Обединетите нации во Њујорк на 19 и 20 ноември.

Од Канцеларијата на портпаролот на Секретарот на Обединетите нации, беше информирано дека македонските и грчките власти веќе ја прифатиле поканата на медијаторот Нимиц, за нови разговори околу спорот за името.

Нимиц ќе се сретне со секој од двајцата преговарачи одделно, по што ќе следи заедничка средба за да се процени статусот на разговорите и да се направи прогрес во изнаоѓањето на взаемно прифатливо решени за проблемот со името, соопшти Канцеларијата на портпаролот на Секретарот на Обединетите нации.

Посредникот на ОН во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц на почетокот на месецов истакна дека натаму верува оти ако се направи обид на лидерствата во Скопје и во Атина и ако се покаже добра волја, може да се дојде до решение за името.

„Мојата намера е да продолжам да работам на ова прашање, и со помошта на обете страни се надевам дека за наредните неколку месеци, ќе видиме решение на овој проблем“, изјави медијаторот за спорот за името Метју Нимиц во интервју за Гласот на народот на ТВ Сонце и за Е-вести.