1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нареден чекор - стабилна влада

По повторените избори во Македонија важно е да се формира стабилна влада, да се надминат поделбите и да се спречат конфронтациите - сметаат претставниците на германската висока политика и експертите

default

Седиштето на германскиот канцелар

Германската влада не дава свои оценки околу регуларноста и прегласувањето во Македонија. Тоа е работа на ОБСЕ. Но, сепак, на редовната владина прес конференција, портпаролот на германското МНР, Мартин Јегер со следната реакција:

“Мислам дека според првиот впечаток може да се констатира дека овие повторени избори и покрај малите нерегуларности минаа многу подобро од оние на 1 јуни. Се надеваме дека ќе може да се формира стабилна влада и дека ќе бидат надминати поделбите во земјата кои јасно се манифестираа во изборната кампања”.

Курт Бодевиг, парламентарец од фракцијата на социјалдемократите во германскиот Бундестаг и потпретседател на Комисијата за европски прашања, оценува: "Сметам дека делумно повторените избори во Македонија беа многу важни. Битно е дека минаа мирно.Верувам дека мирното повторување на изборите е добар предзнак”.

И покрај апсолутното мнозинство кое партискиот блок на досегашниот премиер Груевски го има во парламентот, по вчерашните избори е извесно дека тој ќе коалицира со една од албанските партии.

Конфронтации не се потребни

Солвег Рихтер, експерт за евроинтеграциите и Западен Балкан од Фондацијата за наука и политика, на вклучувањето на албанска партија во владата гледа позитивно. Таа потсети дека ДУИ во изминативе две години, незадоволна од изборот на Груевски, правеше блокади во собранието. Сега Груевски е на потег. Прашање е меѓутоа, дали конфронтацијата ќе продолжи и доколку ДУИ, која ја доби довербата од мнозинството Албанци, се најде во владата.

"Ова не е вистински момент за конфронтации во Македонија. Земјата се соочува со многу други поважни прашања. Признавањето и непризнавањето, позиционирањето кон Косово, прашањето за границата, расправијата околу името со Грција и конечно датумот за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Затоа централно прашање за Груевски е да ја одбегне внатрешната затегнатост: меѓу македонското мнозинство и албанското малционство, но и внатре меѓу албанското насление. Во оваа смила е важно да има стратегија која Македонија ќе ја доближи до интеграциите" - смета експертот Солвег Рихтер.