1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Нарачателите на убиството на Ѓинѓиќ - услов за Србија од ЕУ

Во Европскиот парламент беше побарано како услов за Србија да се додаде и расветлувањето на политичката заднина на убиството на поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ

Четворица пратеници на главните политички групи во Европскиот парламент (ЕП) со писмо до Европската комисија побараа, расветлување на политичката заднина на убиството на Ѓинѓиќ да се внесе како услов во поглавјето Правосудство и темелни права во рамките на преговорите на Србија со ЕУ.

Пратениците нагласуваат дека владеењето на правото во Србија нема да може да се зацврсти без расветлување на злосторствата на режимот на Слободан Милошевиќ и целосна истрага за убиството на Ѓинѓиќ, „чии извршители се зад решетки, но поттикнувачите и натаму се на слобода“.

Автори на писмото се пратениците Јелко Кацин од групата на Либералите, Арно Данжан од Европската народна партија, Марија Елени Копа од социјалистите, и Марија Корнелисен од групата на зелените.

Тие подвлекуваат дека преговорите на Србија со ЕУ се од историска важност и дека затоа реформите за вистинско владеење на правото имаат значење за целиот регион.

„ЕУ мора да бара резултати за конкретни случаи како што се убиството на Ѓинѓиќ, убиствата на новинари и други, и да се бара, решавањето на тие случаи да биде услов за завршување на преговорите за поглавјето 23“.

„Сметаме дека овие мерки би имале далекусежни последици за отстранување на опасните недостатоци во разнузнавачкиот систем на Србија, кој ги задржа врските со организираниот криминал“, се вели во писмото на пратениците.