1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Напредок постои, но мора да се продолжи со реформите

Македонија е на добар пат но мора да го зајакне владеењето на правото, сигурноста на судските одлуки и на странските инвестиции - оцени мониторинг мисијата на Советот на Европа во Скопје.

Во Скопје, делегација на Советот на Европа

Во Скопје, делегација на Советот на Европа

Пораката на мониторите на Советот на Европа е дека треба да се промени свеста кај оние што се задолжени за спроведување на законите, не е доволно само нивно донесување, рече претседателот на комисијата на Советот на Европа, Едуар Линтнер. „Генерално можам да кажам дека сте на добар пат, напредок постои. Ние ќе изготвиме извештај за нашиот комитет и за Советот на Европа, кој што ќе го дискутираме во првата половина на 2007, делагацијата на Република Македонија ќе има можност да даде свои забелешки, а потоа извештајот ќе го усвоиме на пленарна седница на Советот на Европа“, изјави шефот на мониторинг мисијата.

Делагацијата од Стразбур на средбите со државниот врв ги повторила препораките дека Македонија треба да се фокусира на борбата против криминалот и копрупцијата, на намалување на бирократијата, на судските реформи. Никој во Советот на Европа ниту во Брисел не очекува Македонија за десет години да ги надмине проблемите кои други европски земји ги решавале десетици или стотици години, рече Линтнер.

За време на неколку дневниот престој во Македонија биле контролирани правните процедури. Советот на Европа сака да и помогне на Македонија да стане просечна членка на оваа европска институција според критериумот владеење на правото.

Во име на македонското собрание пратеникот Оливер Шамбевски рече дека оценките на мониторинг мисиите од Стразбур се многу важни за земјата. „Свесни сме дека овој дијалог за Република Македонија спаѓа во редот на битните елементи за добивање на две, за нас, историски покани. За датумот за почнување на преговорите за членство во ЕУ и за приклучување кон НАТО“, изјави Шамбевски.

Лани во ноември во Скопје беше мониторинг мисија од комитетот за национални малцинства во Советот на Европа. Контролираше како правата на малцинствата функционираат на терен. Оценките и од таа мисија ќе влезат во генералниот извештајот за Македонија што ќе биде презентиран во првата половина од годинава.

Поврзана содржина