1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Напредок постои – за влез во НАТО треба да се завршат реформите

*

Македонија добро напредува кон НАТО, оцени делегацијата на Воениот комитет на Алијансата, предводена од генерал Реј Хено на првиот ден од нејзината псоета на Скопје. Членството на Македонија во НАТО ќе биде одлучено на политичко ниво оцени генерал Хено, по срдбата со началникот на генералштабот на АРМ генерал потполковник Мирослав Стојановски. За актвиностите на Македонија во однос на интергацијата на земјата во НАТО и ЕУ, генерал Хено беше информиран од средбата со македонскиот премиер Никола Груевски. Денеска генерал Реј Хено треба да се сретне со претседателот на Македонија Бранко Црвенковски од кого ќе побара Македонија да ги заврши реформите.