1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Напредок и шокантни слики од Африка

Четворица членови на Советот за безбедност на ОН на почетокот на јуни десет дена патуваа низ пет земји на Африка. Сега во Њујорк ги презентираат нивните искуства, кои делумно се и шокантни.

default

Бунтовници во Чад

Во рамките на мировните трупи на ОН во моментов во Африка се стацинирани 60 илјади војници. Бидејќи Советот за безбедност речиси половина од времето расправа за Африка, беше неопходно да се направи ова патување, смета британскиот амбасадорот Џон Соуерс

Напредок и разочарување

Групата забележа значителен напредок во многу области, на пример амбасадорите беа задоволни со развојот на демократијата во Демократска република Конго, во Брегот на слоновата коска забележаа позитивен тек на подготовките за изборите во ноември, но доживеа и разочарување, така на пример во Чад, каде се води граѓанска војна сретнаа жени во бегалски логори, кои зборуваа за брутално сексулно насилство, воена стратегија што постојано се повторува.

Думисани Кумало, амбасадорот на Јужна Африка во ОН пред се’ беше шокиран од ситуацијата на мировните трупи во Судан. Заедничките трупи на ОН и Африканската унија УНАМИД биле премногу слабо опремени. Советот за безбедност мора да им посвети поголемо внимание. Кумало раскажува и за посета на бегалски логор во Дарфур „Луѓето таму ни велат, дека не се чувствуваат безбедно, имаат страв дека ќе ги нападнат. Засрамувачки е нашите трупи да не им ја пружаат нужно неопходната безбедност.“

Потребна е нова енергија

Chinesische UN Soldaten in Darfur Sudan China

Војници на ОН во Дарфур

Тоа е и поради тоа што трупите УНАМИД дури сега се формираат, но мора нешто да се смени. Овој апел доаѓа во одлучувачки момент. Имено мандатот на мировните трупи истекува наредниот месец. Џон Соуерс нагласува „На политичкиот процес му е потребна нова енергија. Хуманитарната и безебдносната ситуација постојано се влошуваат. Кога мандатот ќе истече, Советот за безбедност мора да усвои нова резолуција за Дарфур, а таа добро треба да се промисли. Нашето патување покажа дека сеуште го немаме постигнато планираниот напредок. Ситуацијата во Судан и натаму останува еден од најголемите предизвици на Советот за безбендост.

Претседателот на Судан вети поддршка, УНАМИД да може да ги користи и ародромите за да се транспортира хуманитарна помош. Но работата на мировните трупи политички и натаму се става под знак прашање. Имено онаму каде што нема мир, неможе ни да биде зачуван.