1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Напредок во интеграцијата на странците во Германија

Интеграцијата на мигрантите во Германија бележи напредок, меѓутоа делумно и натаму се нотираат големи разлики со животот на родените Германци. Ова е резултатот на владиниот извештај за интеграција.

default

Марија Бемер, ополномоштеникот за интеграција во германската влада

Учеството на луѓето со миграциско потекло, особено на оние кои се родени во Германија во важни области на општествениот живот е значително „подобрено“, се вели до вториот извештај за интеграција, кој се потпира врз податоци од микроцензусот. Сепак, разликите меѓу мигрантите и Германците се’ уште се „премногу големи“, смета ополномоштеникот за интеграција во германската влада Марија Бемер.

Извештајот се однесува на периодот од 2005 до 2010 година. Тој бележи напредок во прва лија во областите образование, надобразба и раниот развој. Паралелно со „позитивниот тренд во општеството“ се забележени подобрувања кај учениците со миграциско потекло.

Така на пример бројот на млади со мигрантско потекло без средно образование е повеќе опаднат во споредба со останатите млади со германско потекло. Меѓутоа и покрај подобрувањата кои ги нотираше Бемер, се’ уште има значителна дискрепанца. Мигрантите поретко отколку порано го напуштаат училиштето без завршна диплома. Во 2005 година стануваше збор за 5,1 процент млади на возраст од 18 до 25 години, во 2010 нивниот број опадна на 4,4 насто, што сепак е двојно почесто откоколу кај германските ученици. Охрабрувачи е што втората генерација мигранти во значително помал број го прекинуваат образованието (2,8 проценти), што укажува на зголемени шанси преку успешна интеграција.

Mobbing Schule

Мигранти на училиште

Според извешатајот се’ повеќе млади се одлучуваат за повисоко образование, исто така и меѓу младите со мигрантско потекло, но овој пат за нив, како и досега е тежок.

Извешатјот бележи промени и кај децата од предшколска возраст. Се’ повеќе деца со мигрантско потекло ги посетуваат детските градинки. За периодот од 2008 до 2010 извештајот бележи пораст од дури 34 проценти.

Ситуацијата е полоша при вработувањето. Уделот на луѓето со миграциско потекло на пазарот на трудот и натаму е минимален во контекст на целокупнотот население, се вели во извештајот за интеграција на германската влада. Во однос на 2005 година кога 11,9 проценти на лица со мигранстко потекло се водеа како невработенеи, во 2010 е забележан нивен пораст на 12,3 проценти. Оттука останува оценката дека мигрантите двојно почесто живеат без примања кои ги имаат Германците и за нив е речиси двојно повисок ризикот од сиромаштија.

Како позитвино во извештајот се гледа на значителното намалување на квотата на невработеност меѓу мигрантите од 25,1 процент во 2005 година на 15,8 проценти во 2010 година, што е поголем пад во споредба со целокупниот развој на пазарот на трудот во Германија.

Автор: АТ/ афп

Редактор: Борис Георгиевски