1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Напредок во европската политика за високото образование

Четириесет европски министри за образование се сретнаа во Берлин за да постигнат реформа на "Европскиот високообразовен простор", што овозможува можности за слободно менување за студентите и научниците. Германската министерка за образование посакува во иднина секој петти германски студент да завршува дел од своето обрзаование во странство. Сега тоа го прават двојно помалку германски студенти. Министерката Еделгард Булман веќе го образложи ставот на владата во врска со ова прашање во германскиот Бундестаг.

И владата и опозицијата во Германија сметаат дека е постигнат значаен напредок во напорите европското високо образование да се направи потранспарентно и попропустливо. Сите фракции на германскиот Бундестаг во еден биланс на таканаречената Болоња-образовна конференција искажаа енергичност за создавање на единствен европски високообразовен простор. Министерката Еделгард Булман изјави дека сите 40 земји се обврзале да ги воведат новите дипломски и постдипломски студии според системот bachelor и master како регуларни студии. "Германската влада го поддржува овој систем од 1999 година и во рамковниот сојузен закон веќе се создадени правните претпоставки за измените",

вели Булман, изразувајќи надеж дека и германските покраини наскоро ќе сторат истото.

Меѓутоа, според христијанскодемократската опозиција тоа се уште не е доволно. Катерина Рајхе, експерт за образование смета дека од 1999 година фактички ништо не е сторено во врска со атрактивноста на германските високообразовни институции. "Државата мора да му даде слобода на високото образование, за да се задржи конкуренцијата. Наспроти сегашниот централизам, што е главно обележје на владината политика, целта мора да биде создавање на конкурентен високообразовен систем", потенцира Рајхе. Таа бара на одредени факултети да им се даде право да ги зголемат студиските такси и најавува дека ЦДУ наскоро ќе изготви соодветен законски предлог.

Улрике Флах од редот на либералите смета дека германското високо школство не е доволно ангажирано за воведување на новите дипломски и постдипломски студии. Од вкупно 15.000 различни видови студии во Германија, досега на новите претпоставки се прилагодени помалку од 350. Тој смета дека не е доволно само едноставно преименување, туку дека навистина е потребна суштинска реформа.

Тоа исто така е потребно и заради постигнување на меѓународна пропустливост на европскиот високобразовен систем. Гритје Бетин, пратеничка од редот на зелените во оваа смисла вели:
"Фактичката граница за студентите денеска се уште лежи во финансиската и социјалната сигурност на какви било студии во странство. Конференцијата во Берлин конечно почна да ја руши оваа бариера. И само на тој начин може да стане само по себе разбирливо да може да се студира во Краков, Прага, Мадрид, Париз или, пак, во Лондон или Стокхолм."