1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Напорни преговори околу штедењето во Грција

Во Грција се’ уште не е на повидок согласност за натамошни мерки за штедење на кои инсистира т.н. Тројка - претставници на ЕУ, Европската централна банка и ММФ.

default

Пападимос и коалиционите партнери се договорија само за првични кратења во државниот буџет

Грчкиот премиер Лукас Пападимос и раководствата на партиите, кои ја поддржуваат неговата влада, на разговорите во Атина можеа да се договорат само за првични скратувања од околу три милијарди евра, иако не се познати деталите каде тие ќе се заштедат. Преговорите продолжуват денеска.

Како што соопшти портпаролот на најголемата партија во владината коалиција, Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК), Панос Беглитис за претпладнево е предвидено лидерите на трите партии да одржат средба со грчкиот премиер Лукас Пападимос на која ќе разговараат за предложените мерки.

Eurokrise - Sondergipfel der EU

Не е познато каде грчката влада ќе крати, за да заштеди три милиони евра

Висок официјален грчки претставник претходно изјави дека преговорите достигнале „доволно ниво на разбирање“, но дека се’ уште има несогласувања околу пазарот на труд.

Тројката за возврат за новиот пакет финансиска помош од околу 130 милијарди евра бара партиите да се обврзат на натамошно штедење. Истовремено течат и преговорите со приватните доверители на Грција околу отпис на долговите, но и тука очигледно нема голем напредок.

Автор: Жана Ацеска/АМ/дв/дпа

Редактор: Б. Георгиевски