1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Наполи обезбеди солидна предност против Челзи

Тимот на македонскиот репрезентативец Горан Пандев во првиот меч од дуелот во осминафиналето на Лигата на шампионите против Челзи победи со 3:1.

default

Езекил Лавеци беше херој на мечот

Екипата на Наполи извојува повеќе од заслужена победа и се стекна со убава предност по првиот осминафинален меч со англискиот Челзи во фудбалската Лига на шампиони. Наполи, на домашниот стадион Сан Паоло во Неапол славеше со 3:1, откако напаѓачките ѕвезди на тимот Единсон Кавани и Езекил Лавеци буквално ја растурија слабата одбранбена линија на „сините“ од Лондон. Англичаните поведоа со голот на Мата во 27. минута , но до крајот на полувремето Наполи успеа да ги материјализира шансите со головите на Лавеци во 39. и Кавани во 2. минута од судиското продолжување на првото полувреме. Конечниот резултат го постави Лавеци,со својот втор гол на мечот во 65. минута.

Champions League Chelsea Neapel

Шпанецот Хуан Мата беше стрелец на единствениот гол за Челзи

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев, во редовите на Наполи ги одигра последните десетина минути од натпреварот, кога влезе во игра на местото на Лавеци. Пандев еднаш успеа да се закани кон голот на Челзи, но неговиот удар беше непрецизен.

ЦСКА во изедначи во последните секунди против Реал

На вториот вчерашен натпревар што се играше од 18 часот во Москва фудбалерите на ЦСКА и Реал Мадрид одиграа нерешено 1:1 во првиот натпревар. Ова беше прв меѓусебен натпревар во историјата на овие два клуба, а патникот во четврфиналето ќе биде познат по реванш мечот од осмина финалето на Лигата на шампионите, што на 14 март ќе се игра во Мадрид.

Гостите поведоа во 28 минута преку Кристијано Роналдо, а изедначи Швеѓанецот, Понтус Верблум во последната минута од судиското надополнување.

Автор: СН/ АТ/ ртр/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска