1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Наполитано подготвен за втор мандат

Бидејќи негов наследник не е на повидок, актуелниот италијански претседател Џорџо Наполитано најави подготвеност за втор мандат. 87-годишниот политичар го чека тешка задача.

default

am 22.03.2013

По неуспехот и на петтиот круг од изборите за нов претседател на Италија, денеска (20.04) Џорџо Наполитано прифати да се кандидира за втор мадат на претседателската функција.

Наполитано (87) одговори на барањето на политичките лидери, кои оваа недела неколку пати беа неуспешни во обидите за постигнување договор за избор на нов претседател на земјата.

„Не можам да се оглушам на одговорноста пред нацијата“, се наведува во соопштението на италијанскиот претседател.

Доколку биде избран во шестиот круг од гласањето, Наполитано ќе биде првиот италијански претседател што бил реизбран на фунцијата.

Во петтиот круг од гласањето ниеден кандидат не успеа да ги добие потребните
504 гласа од т.н. „големи електори", што ги потврдува предвидувањата пред почетокот на изборот. Голем број ливчиња, 462 од 1.007 електори, биле
неважечки или непополнети. Главниот кандидат, експертот за уставно право
Стефано Родота, кој е предлог на Движењето 5 ѕвезди на екс-комичарот Бепе Грило, доби само 201 гласови.

Лидерите на двете влијателни италијански партии Демократската партија на Пјерлуиџи Берсани, којашто го предводи левиот блок, и Народ на слободата
на поранешниот премиер Силвио Берсани, откако заклучија дека нема да
можат да изберат негов наследник во саботата вршеа притисок врз актуелниот
претседател Џорџо Наполитано да прифати нов мандат и да отвори пат за
излегување од ќор-сокакот во којашто западна Италија откако на
парламентарните избори одржани на 24-ти и 25-ти февруари не беше добиен
јасен изборен победник.

Вчера не успеа гласањето за Романо Проди, поранешен италијански премиер и некогашен претседател на Европската комисија во Брисел. Проди не беше избран откако многу пратеници од Демократската партија на Пјерлуиџи Берсани, кој го предложи поранешниот премиер за нов претседател, му го свртија грбот на својот лидер и гласаа против неговиот кандидат. Синоќа, по неизгласувањето, Проди изјави дека нема повеќе да се кандидира. Задачата која му ја доделија Левите е чест за него, но веќе не постојат „потребните претпоставки“, истакна тој.

Pier Luigi Bersani Italien 28.03.2013

Берсани разочаран што неговата партија му сврте грб

Берсани е целосно разочаран

Лидерот на италијанската Лева алијанса Пјер Луиџи Берсани исто така изјави дека ќе се повлече од функцијата откако Парламентот во Рим го избере новиот претседател на Италија. Веста за повлекувањето Берсани ја соопштил во седиштето на неговата Демократска партија, објаснувајќи го тоа со големиот број пратеници од Алијансата на левиот центар кои на двапати одбија да го поддржат кандидатот за италијански претседател, што тој го предложи.

Во четвртокот, поранешниот претседател на Сенатот Франко Марини не ги доби потребните две третини од гласовите за да биде избран за претседател на Италија, иако за него гласаа и пратениците на десниот центар и на блокот на Силвио Берлускони, само поради „нелојалноста“ на пратениците од Демократската партија.

Политичка пат-позиција

Италијанскиот претседател се избира со тајно гласање во Парламентот, а за него гласаат сите членови на Долниот дом, на Сенатот и претставници на регионалните власти. Седумгодишниот мандат на актуелниот претседател Џорџо Наполитано истекува на 15 мај. Според Уставот на земјата, претседателот има церемонијална функција, но во сегашниот политички ќорсокак во кој се наоѓа земјата по парламентарните избори на кои ниту една партија не обезбеди доволно гласови за да формира влада, новиот претседател ќе може да ја разреши кризата. Тој ќе може да помогне за формирање коалиција или одново технократска влада или пак да распише нови избори.