1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Наполитано навреден од изјавите на Штајнбрик

Германскиот опозициски кандидат за канцелар ги нарече италијанските политичари Берлускони и Грило- кловнови и популисти. Наполитано ја откажа заедничката вечера.

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано ја откажа закажаната свечена вечера со кандидатот за канцелар на германската опозициска социјалдемократска партија Пер Штајнбрик (на фотографијата горе), навреден поради неговите изјави за изборите во Италија.

Иако официјално не беше соопштена причината за откажувањето од страна на Наполитано, портпаролот на Штајнбрик призна дека тоа е поради изјавите на опозицискиот лидер.

Вчера Штајнбрик, кој е поранешен министер за финансии познат по своите лапсуси и навредливи изјави, рече дека е „изненаден што на изборите во Италија победиле два политичка кловна“. „Мојот впечаток е дека победија двајца популисти“, изјави Штајнбрик алудирајќи на резултатите на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони и на комичарот Бепе Грило.

Недипломатскиот коментар е последен гаф во низата на Штајнбрик кој според анкетите заостанува зад канцеларката Ангела Меркел. Пред извесно време тој предизвика реакции во јавноста откако изјави дека смета оти канцеларската плата е премала, што на многумина гласачи им создава впечаток дека тој е концентриран единствено на парите. Причина повеќе за таквиот впечаток е и фактот што Штајнбрик заработил повеќе од еден милион евра одржувајќи предавања. Ова откритие дополнително го урна неговиот рејтинг меѓу граѓаните.