1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Напнат мир во Бишкек

Ситуацијата во Киргистан и натаму останува нестабилна и покрај тоа што опозицијата формираше преодна Влада во земјата . Соборениот претседател Аскар Акаев во меѓувреме испрати имејл до киргистанската новинска агенција , во кој инсистира дека не поднел оставка и оти неговото отсуство од земјата е само привремено .

Курманбек Бакиев

Курманбек Бакиев

Владата на Киргистан беше соборена во четвртокот , откако илјадници демонстранти ги нападнаа и освоија најважните владини објекти во главниот град Бишкек.

Опозицијата покрена демонстрации ширум земјата обвинувајќи го Акаев дека ги фалсификувал последните парламентарни избори во земјата.

Вршителот на должност шеф на државата , и еден од лидерите на опозицијата во Киргистан Курманбек бакиев најави дека во јуни во земјата ќе бидат одржани претседателски избори . Тој истакна дека приоритет на неговото дејствување ќе биде враќањето на редот и мирот во земјата.

Меѓутоа во текот на ноќта во Бишкек повторно избија нереди , пред се меѓу полицијата и млади луѓе кои ги ограбуваат напуштените продавници.

Инаку во протестите во претходната ноќ загинаа најмалку три лица а повеќе од триста беа хоспитализирани .

Лидерите на киргистанската опозиција , кои во моментов раководат со земјата најавија дека немаат намера да ја менуваат надворешната политика на земјата особено односите кон Русија

Ние се надеваме дека киргистанско руските односи ќе бидат продлабочени и надградени. Тие ќе се развиваат во иста насока како и досега. Русија е и останува стратешки партнер на Киргистан

Рускиот претседател Владимир Путин, кој во меѓувреме му понуди азил на соборениот киргистански претседател Акаев го критикуваше превратот во Бишкек како незаконски .

„ Уште еднаш политичките прашања во една од земјите од постсоветскиот простор се решаваат со методи кои излегуваат од рамките на законот . Тие се проследени со насилства и човечки жртви“-рече Путин кој сепак истакна дека е подготвен да соработува со киргистанската опозиција .