1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Напнато примирје во северен Либан

Либанската морнарица потопи два гумени чамци со кои исламистите се обидувале да избегаат од палестинскиот бегалски камп Нар Ел Баред , каде што во последниве неколку дена се водеа жестоки борби меѓу либанската армија и групата Фатах Ал Ислам. Во моментов околу логорот владее напнато примирје.

СБ на ОН во меѓувреме најостро ги осуди нападите на радикалната исламистичка група Фатах ал Ислам на северот на Либан, оценувајќи дека тие се неприфатлив напад на стабилноста, безбедноста и суверенитетот на таа земја.