1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Напната ситуација во Бурма

*

Воениот режим во Бурма за прв пат употреби сила против будистичките монаси кои продолжуваат со демонстрациите. Полицијата употребила солзавец и пукала во воздух за да ги растера демонстрантите во околината на пагодата во градот Рангун. Уапсени се околу 100 демонстранти, меѓу нив и будистички монаси. ЕУ се закани дека ќе ги заостри санкциите кон воената хунта во Бурма доколку употреби сила против невооружените и мирољубивите демонстранти. Американскиот претседател Џорџ Буш повика на натамошни санкции против воената хунта во земјата. Во говорот пред генералното собрание на ОН тој изрази јасна поддршка на борбата за демократија во Бурма