1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Напливот од рејтинг-листи на политичарите ги буни граѓаните

И без актуелното предизборие, во Македонија се случува бум на анкетите за рејтингот на политичарите и партиите. Нарачатели се најчесто самите партии но и медиумите. Што значат тие за политичарите а што за граѓаните ?

default

Партиите се во грч, како да се оценуваат различните барометри на моменталното расположение, кому да веруваат - на нарачаните анкети, на личните контакти со граѓаните или на медиумите. Па сепак, се’ почести се сондажите преку кои се тестира кој да биде премиер, колкава доверба има актуелниот, како да се состават пратеничките листи, што се приоритетните теми на кои ќе реагира електоратот за време на кампањата?
„Партиите треба да имаат демократски капацитет, како сакаат да ги читаат резултатите од испитувањето на јавното мислење, зашто тие треба да им служат како алатки за да допрат до јавноста и граѓаните“, вели за Дојче Веле, Владимир Мисев од престижниот Институт за демократија што една деценија спроведува анкети.
Двете внатрепартиски сондажи придонесоа за решавачката одлука на социјалдемократите Радмила Шекеринска да биде номинирана за можен манадатар, доколку победат на изборите.
Radmila Sekerinska von der SDSM Partei in Mazedonien

Сондажите пресудни за номинацијата на Радмила Шекеринска за премиер на Македонија доколку СДСМ победи на изборите

Сериозните агенции не си играат со реномето
Посебна анкета на Институтот „Либерта“ го тестираше само албанскиот електорат. Според неговиот аналитичар Едмонд Адеми, по овие избори македонскиот парламент ќе биде уште пофрагментиран, со поголем број на партии, при што во албанскиот блок гласовите ќе бидат одземани од владеечката ДУИ иако оваа партија и натаму е фаворит. Најмногу на удар на новите партии, пред се’ на Руфи Османи, па и на Имер Селмани, ќе бидат приврзениците или разочараните од владеечката ДУИ, зашто опозициската ДПА има стабилно избирачко тело, оценува Адеми.
Во комуникацијата со гласачите учествуваат од таканаречени провладини и ад-хок формирани институти, реномирани агенции со европски брендови, разновидни Пи- Ар фирми, до универзитетскиот Институт за политичко - социолошки истражувања од Скопје, што има над дведецениско искуство и кадри за квалификувани анкети. Таквиот бум од рејтинзи создава контроверзни толкувања и анализи, на моменти недоверба во јавно објавените резултати.
„Ниту една сериозна агенција нема да си поигрува со своето реноме, и со манипуалција на објавените резултати, доколку на изборите се покаже спортивно од нивните анализи или вкрстување на бројките“, вели Владимир Мисев.
Vladimir Misev Politikologe in Mazedonien

Владимир Мисев од Институтот за Демократија

Јавноста гледа со сомнеж на нарачаните анкети
Во сите досегашни објавени анкети има неколку константи – Премиерот Груевски и лидерот на Ахмети се на врвот на сите рејтинг-листи, во одвоените избирачки тела – македонскиот и албанскиот, нивните партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ досега се со мнозинска доверба, но сеуште е висок процентот на неопределените што се движи од 38% до 47 насто. Од темите ЕУ и НАТО членството се и натаму со исклучителен висок процент на приоритети, но економскиот развој и социјалните проблеми се доминантни за избирачите без оглед на етничката припдност.
Се друго, зависи од не така незначајни нијанси, при што некои податоци нарачателите или не ги објавуваат или кога за нив се информира имат различни перцепции и толкување.
„ Медиумите треба да прават сопствени истражувања, особено тие што претендираат да битат неутрални и независни. Верувам дека јавноста со сомнеж гледа на објавените резултати од анкетите нарачани од партиските штабови“, вели Сашо Кокаланов, екс-главниот уредник на “Дневник“, сега уредник на негото он-лајн издание.
Весникот „Дневник“ поконтинуирано , а во последно време и „Нова Македонија, го тестираат избирачкото тело, со предизборни сондажи или за одделни актуелни проблеми.
„Сондажите за двата весника се правени според репрезентативни примероци и до 1500 испитаници, тие се телефонски... но ниту една агенција не смее да манипулира со добиените резултати или да ги шминка, а на нарачателот е што и кога ќе објави“, вели Никола Спасов истражувач.
Mazedonien Ministerpräsident Nikola Gruevski

Премиерот Никола Груевски подолго време константно на врвот на рејтинг листите

Функцијата на анкетата не е да креира јавно мислење
Тој преку агенцијата „Рејтинг“и влијателниот „Дневник“, деновиве соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има над 50 пратеници, додека СДСМ околу 40, но анкетата покажа дека над 52 насто од Македонците и над 80 насто од Албанците немаат доверба во нов премиерски мандат на Груевски. Институтот за политичко-правни студии на скопскиот универзитет, пак објави теренска анкета, што значи непосредни интервјуа со граѓаните, според која водството на ВМРО-ДПМНЕ се топи и сега изнесува само два проценти пред опозициската СДСМ.
„Основната функција на анкетата не е да се креира јавно мислење, напротив да служи како насока за превземање на конкретни мерки или потези од страна на политичарите “, вели Горѓи Кимов од агенција “Брима-Галуп“. Според него и во оваа сфера на Македонија ќе и треба демократска култура и капацитет, да не се манипулира со расположението на граѓаните, кон партиите или општествените проблеми.
Автор: Александар Чомовски
Редактор: Симе Недевски