1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Напаѓачот од Детроит вели дека е невин

Во првото појавување пред американскиот федерален суд , Нигериецот обвинет за обидот за атентат врз американскиот патнички авион кај Детроит, се изјасни за невин.

default

Слика од првото појавување пред судот на Абдулмуталаб

23-годишниот Умар Фарук Абдулмуталаб, беше донесен во судницата со железни окови на нозете и одговараше на прашањата на судијата. Неговото прво појавување пред судот траеше помалку од три минути. Умар Фарук Абдулмуталаб пред судијата изјави дека ги разбира обвиненијата за кои се товари. Портпарол на судот изјави дека младиот Нигериец не покажал видливи емоции за време на читањето на обвинението. Во судската сала каде беше изведен Абдулмуталаб владееја највисоки мерки на безбедност. Обвинителниот акт содржи шест точки, меѓу нив обид за убиство и обид за употреба на оружје за масовно уништување. Нему му се заканува казна доживотен затвор. Но, до почетокот на процесот може да поминат месеци. Во поголемите правни процеси претходно се врши цела редица судски сослушувања пред конечно да почне главниот процес. Стручњаците сепак предвидуваат дека во случајот на Нигериецот нема да трае толку долго, со оглед на тоа што доказната постапка е јасна, Абдулмуталаб беше фатен при извршувањето на делото за кое е обвинет.

Umar Farouk Abdulmutallab

Умар Фарук Абдулмуталаб

Обама призна соодговорност за безбедносните пропусти

Абдулмуталаб на 25 декември 2009 година се обиде да активира експлозив при слетувањето на патнички авион во Детроит, при што се здоби со тешки изгореници. Во авионот имаше околу 300 патници, од кои некои го спречија атентаторот во намерата. Американскиот претседател Барак Обама го критикуваше обидот за атентат како најтешко потфрлање на тајните служби, а самиот презеде соодговорност за пропустите во безбедносниот систем.

Автор: ЖА/СН/дв/ртре

Редактор: Симе Недевски