1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Напад на турската авијација врз ПКК во северен Ирак

Турските авиони бомбардираа повеќе села во северниот курдски дел на Ирак. Според податоци на армијата , нападите биле насочени кон позиции на ПКК.Меѓутоа има информации и за цивилни жртви во нападите.

default

Борци на ПКК во близина на ирачко-турската граница

Кратко пред полноќ , во воздухопловната база Дијарбакир на југоистокот на Турција. Десетици борбени авиони од тиопт Ф16 полетуваат на брзина и исчеснуваат во темнината во југоисточен правец, кон границата со Ирак.
САД доставиле тајни информации за позициите на ПКК?
Нивна цел се планините Кандил во северен Ирак , 100 километри југоисточно од Туција во ирачкиот граничен појас кон Иран. Таму курдските борци од Работничката партија на Курдистан ПКК имаат свој главен штаб и оттаму , ги раководат своите напади на територијата на Турција -сигурни се во турската армија. Таа во текот на вчерашната вечер добила тајни информации за движењата на главните команданти на ПКК во северен Ирак - информации за прислушкувани разговори преку сателитски телефон , кои откриваат детали за нивните позиции. Од каде се добиени овие информации , турската армија не соопшти. Во Анкара меѓутоа потсетуваат меѓутоа на тоа дека САД пред кратко време ветија дека ќе ја подржат бробата на Турција со ПКК во вистинско време со информации од тајните служби.
Главниот штаб на ПКК срамнет со земја- вели армијата
Турските авиони пред изгрејсонце се вратија во Дијарбекир, откако претходно го исфрлија својот експлозивен товар врз планините Кандил и други осомничени скривалишта на ПКК. Главниот штаб на курските бунтовници бил срамнет со земја - се вели во воените кругови. Особено важна цел на нападите биле комуникациските врски на бунтовниците. Сега врската на штабот на ПКК со нејзините приврзаници и надворешниот свет е прекината-сметаат во турската армија. Навистина барем до денеска напладне не можеше да се чуе ништо од страна на ПКК. Изгледаше дека нивните медиуми немаа никакви информации од планините Кандил. Нападите на турската авијација беа потврдени од локалните власти во Ирак , кои јавија за цивилни жртви и големи оштетувања во нападнатите села. Ова е втор напад на труската авијација во северен Ирак во последните две недели . Турската армија се надева дека нема да има потреба за копнена интервенција во северен Ирак , и оти ќе ги држи бунтовниците на ПКК во шах позиција со воздушни напади , како овој од изминатата ноќ