1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Напад на „Интерконтинентал“

Во терористички напад на талибанците врз луксузен хотел во Кабул, загинаа 19 лица, меѓу нив и седумтемина напаѓачи. Талибанците во хотелот „Интерконтинентал“, кој е инаку високо обезбедуван, влегле вчеравечер (28.06).

Нападот се случи меѓу две важни конференции

Нападот се случи меѓу две важни конференции

Пукотниците во хотелот „Интерконтинентал“ завршија рано изутрината (29.06) кога хеликоптери на меѓународните заштитни сили ИСАФ убија тројца од напаѓачите, забарикадирани на покривот на хотелот. Во нападот што го извршија талибанците загинаа најмалку единаесет цивили, меѓу нив петмина вработени во хотелот, тројца авганистански полицајци, како и еден авганистански судија, соопшти портпаролот на авганистанскиот Национален директорат за безбедност,

Експлозии и пукотници се слушаа со часови

Експлозии и пукотници се слушаа со часови

Латифулах Машал. Убиени странци нема, но меѓу повредените има двајца гости во хотелот. Нивната националност не е соопштена. Машал наведе дека сите атентатори загинале - некои самите се кренале во воздух, други биле убиени од страна на авганистанските и НАТО-војниците.

Според авганистанските власти, напаѓачите биле тешко вооружени, со автоматско оружје, ракетни фрлачи и рачни гранати. Откако влегле во хотелот, најмалку еден од нив се кренал во воздух, по што почнала петчасовната престрелка со полицијата.

„Околу 22 часот и триесет минути слушнавме експлозија во хотелот, мислам дека беше самоубиствен напад. Потоа слушавме пукотници и други експлозии“, раскажува граѓанин кој живее во близина на хотелот.

Конференцијата сепак не се одлага

Хотелот „Интерконтинентал“ (архива)

Хотелот „Интерконтинентал“ (архива)

Нападот врз луксузниот хотел „Интерконтинентал“, кој е високо обезбедуван, се случи веднаш по завршувањето на конференцијата посветена на напорите за помирување со талибанците и во предвечерјето на конференција на која треба да се расправа за префрлање на надлежностите за безбедноста во Авганистан во рацете на владата во Кабул. Наместо во „Интерконтинентал“ сега конференцијата ќе се одржи во владина зграда во центарот на Кабул. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле остро го осуди нападот, истовремено потврдувајќи дека ќе се остане на курсот за предавање на одговорноста во рацете на авганистанските безбедносни сили. „Шокирани сме од варварскиот терористички напад“, рече Вестервеле во Берлин, додавајќи: „Терористите веројатно имале само една цел - да го спречат процесот на помирување“.

Автор: ЕМФ/ ГЧ/ ртр/ дпа/ афп/ дв

Редактор: Александра Трајковска