1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Напад врз семејството на Леонарда поради приватна кавга

Нападот врз ромското девојче Леонарда и нејзиното семејство во Косовска Митровица бил резултат најверојатно на приватна кавга и не бил поврзан со протерувањето од Франција, покажуваат првичните резултати од истрагата.

Портпарол на полицијата во Митровица, вчеравечер (20.10) соопшти дека првите сознанија од истрагата укажуваат на тоа дека се работи за кавга меѓу две семејства. Леонарда Дибрани и нејзиното семејство беа нападнати за време на прошетка во Митровица. Во судирот биле вклучени семејството Дибрани и семејството Бислими. Портпаролот на полицијата Ахмет Ѓоша изјави: „Се покажа дека господин Бислими пред 25 години бил оженет со Џемаили Дибрани. Сметаме дека тоа е повод за судирот.“ Според Ѓоша, првите сознанија од истрагата укажуваат дека нападот нема врска со протерувањето на семејството на Леонарда од Франција. По нападот се уапсени четири лица. Мајката Џемаили Дибрани, која добила шлаканица, е пренесена во болница, а „трауматизираните деца“ биле однесени во полициска станица.

Леонарда на почетокот на месецов беше протерана заедно со семејството од Франција, откако нивното барање за азил беше одбиено. Случајот предизвика бран демонстрации на учениците во земјата. Францускиот претседател Франсоа Оланд потоа ја повика Леонарда да се врати во Франција за да го продолжи школувањето, но без семејството, со што предизвика нова бура негодувања. Леонарда ја одби понудата на Оланд. „Нема да го напуштам моето семејство. Не треба само јас да одам на училиште, тука се и моите сестри и браќа“, изјави таа.