1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Напад врз израелската амбасада во Каиро

Илјадници Египќани ја нападнаа израелската амбасада во Каиро. Израел протестира. Амбасадорот си замина од Египет со воен авион. Во нападот има стотици повредени.

default

Демонстрант со египетско знаме во зградата на израелската амбасада

Уште еден удар врз и онака влошените односи меѓу Египет и Израел - илјадници демонстранти во Каиро ја нападнаа амбасадата на Израел. Висок претставник на израелската влада изјави дека е ова „тешка повреда на дипломатските норми“ и „удар врз мирните односи“ меѓу двете земји. Амбасадорот Јицак Леванон, неговото семејство и други соработници во амбасадата заминаа од Египет за Израел со воен авион. Египетската полиција, по безредијата од изминатата ноќ, е ставена во состојба на готовност. Сите полицајци мора да се јават на работното место, одморот им е укинат, јави државната египетска телевизија.

Во безредијата, спроед агенцијата Мена, се повредени 448 цивили, 46 полицајци, а уапсени се 17 лица. Се‘ почна со демонстрациите на илјадници Египќани пред израелската амбасада. Протестите, меѓу другото, беа насочени против мировниот договор на нивната земја со Израел, кој датира од 1979 година и до кој се држеше и соборениот египетски претседател Хосни Мубарак. Непосреден повод за протестите беше смртта на петмина египетски полицајци, убиени ненамерно од страна на израелските безбедносни сили за време на потрагата по милитантни исламисти во пограничниот регион.

Полицијата интервенирала дури по неколку часа

Erstürmung der israelischen Botschaft in Kairo

По повеќечасовни протести пред објектот на амбасадата, дел од толпата демонстранти делумно урнала еден од заштитните ѕидови, го нападнала дипломатското претставништво и го земала израелското знаме од покривот на зградата. Во амбасадата се втурнале околу 30 лица и од прозорците исфрлале документи. Групата влегла во зградата низ прозорец на третиот кат и потооа ги пробила вратите и на другите катови од објектот. Притоа, демонстрантите сретнале тројца Израелци и претепале еден од нив. На крајот, египетската воена полиција ги ескортирала соработниците во амбасадата надвор од зградата.

Во Ерусалим се вели дека сите соработници, со исклучок на заменикот амбасадор, го напуштиле Египет. При нападот врз амбасадата, во зградата биле заклучени шестмина Израелци, кои потоа биле ослободени од страна на египетските безбедносни сили.

Египетската полиција интервенирала дури неколку часа по почетокот на протестите. Врз толпата собрана пред израелската амбасада е фрлен солзавец, а демонстрантите вратиле со молотови коктели и запалиле неколку возила на полицијата. Египетското државно радио јави дека при судирите едно лице починало од срцев удар.

Автор: ЕМФ/дапд

Редактор: Борис Георгиевски