1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Напад врз египетскиот министер за внатрешни работи

Египетскиот министер за внатрешни работи Мохамед Ибрахим денеска (05.09) преживеа напад со мотоцикл-бомба. Во нападот се повредени шест лица.

Во нападот што денеска се случи во Каиро (на насловната фотографија), министерот Мохамед Ибрахим не е повреден, се тврди од безбедносни кругови. Се додава и дека полицијата ги убила двајцата осомничени напаѓачи.

Ägypten Innenminister Mohamed Ibrahim Archivbild

Министерот за внатрешни работи Мохамед Ибрахим има многу непријатели

Во моментот кога експлодирале три бомби министерот за внатрешни работи Ибрахим сакал да тргне на работа во придружба на своите телохранители во квартот Наср Сити. Петмина од неговите телохранители се повредени, а повреден е и еден минувач. Од Министерството за внатрешни работи велат дека бомбите биле прицврстени на мотоцикл, паркиран на работ од улицата, од страна на две лица. За идентитетот на напаѓачите досега нема информации.

Напади со експлозив во Египет се ретки. Набљудувачите претпоставуваат дека има поврзаност на нападите со апсењето на водачот на Ал Каеда на Синајскиот полуостров, Адел Хабара, кое се случи минатиот викенд. Ибрахим има многу непријатели, како меѓу египетските исламисти, така и меѓу таканаречените револуционери, кои го обвинуваат за убиство на голем број демонстранти од нивните редови.