1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Напад врз “Возот на рабирањето”

Во бомбашки напад врз брз воз кој сообраќа меѓу Индија и Пакистан денеска загинаа повеќе од 60 луѓе,а околу 30 се повредени. Индискиот министер за железница Лалу Прасад смета дека станува збор за акт на саботажа и одговорноста ја префрла врз исламските екстремисти .

default

Нападот го погоди еден од симболите на индиско пакистанскиот дијалог,Самџаута Експрес,во превод "воз на разбирањето.Возот се наоѓал на околу 80 километри северно од индискиот главен град,кога избил пожар.Гореле два вагони,една преживеана вели:

-Во оваа трагедија загубив пет деца.Имаше силна експлозија,потоа насекаде чад.Многу луѓе загубија свест.Сигурна сум дека беше експлозија на бомба.

Очевидци тврдат дека имало две експлозии,огнот бргу се проширил.Од безбедносни причини многу прозорци биле затворени со железни пречки,тоа за многумина патници било кобно.

Индискиот министер за железница Лалу Прасад во нападот гледа политичка заднина:

-Мојот впечаток ќе биде потврден од истрагата,дека зад делото се кријат сили кои се обидуваат да го попречат подобрувањето на односите меѓу Индија и Пакистан.Истрагата тече.

Пакистанскиот министер за железница Шеик Рашид Ахмед пак вели:

-Ние сме загрижени,но немаме точни информации.Ако Индија ни каже точно што се случило,тогаш ќе реагира пакистанската влада.

А во секој случај,најголем дел од жртвите се Пакистанци.

Претседателот на Пакистан Первез Мушараф изјави дека нападот не смее да го загрози мировниот процес меѓу двете земји.