1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Напад врз американски дипломати

Во самоубиствен напад врз американскo дипломатско возило во Пакистан загинаа четири лица. Засега не се знае дали меѓу нив се и американските дипломати.

Во напад во северозападниот град Пешавар според локалните власти загинале двајца американски граѓани и двајца минувачи, Пакистанци. Американското министерство за надворешни работи пак тврди дека американските државјани се само повредени.

Меддиумите јавуваат дека бомбата оставила голем кратер на патот, биле оштетени повеќе возила и фасади на околните куќи. Уништено било и дипломатското возило. Бројот на повредените според првите информации е околу 20 луѓе. Досега никој не ја презеде одговорноста за извршениот напад. Радикално исламистичките талибанци и други исламистички групи во регионот постојано вршат напади врз безбедносните сили. Пешавар се наоѓа во тешко достапен планински регион на границата кон Авганистан.