1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Напад во Авганистан- 10 загинати

Бомбаш самоубиец утринава се разнесе себеси во градот Кундуз на североистокот од Авганистан. Тој притоа во смрт со себе однел уште 10 авганистански полицајци- јавуваат локалните медиуми. Нападот се случил во близина на главната полициска станица во градот и седиштето на провинцискиот гувернер. Нападите во релативно мирниот северен дел на Авганистан се ретки. Талибанските бунтовници во последниве месеци извршија серија самоубиствени напади пред се на југот и на истокот од земјата.