Нападот врз амбасадата на САД во Анкара - дело на бомбаш-самоубиец | Свет | DW | 01.02.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нападот врз амбасадата на САД во Анкара - дело на бомбаш-самоубиец

Осомничен бомбаш-самоубиец го детонирал експлозивот во нападот во кој загинаа две лица во американската амбасада во турскиот главен град Анкара, соопшти гувернерот анкарската провинција Аладин Јуксел.

Најмалку две лица загина, а неколкумина се повредени при силната експлозија што се случи денеска пред амбасадата на САД во Анкара.

Експлозијата се случила крај страничниот влез на заградата на американското дипломатско претставништво. Првичните истражни постапки покажуваат дека најверојатно станува збор за самоубиствен бомбашки напад, изјави гувернерот на турската провинција на која и припаѓа главниот град, Аладин Јуксел.

Американскиот амбасадор во Анкара, Френсис Рикардионе пак соопшти дека во експлозијата загинало едно лице од Турција вработено како чувар во амбасадата. Турските медиуми јавуваат дека второто загинато лице е осомничениот атентатор самоубиец.

На местото на експлозијата се испратени повеќе полициски и амбулантни возила.

Полициски службеник, во изјава за светските новински агенции истакнал дека полицијата ги разгледала снимките на безбедносните камери во околинта на амбасадата, и идентификувала две лица за кои се верува кои би можеле да го извршат самоубиствениот бомбашки напад.

Засега никој ја нема преземено одговорноста за нападот, меѓутоа во Турција се активни како курдските бунтовници така и исламистички групации.