1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нападот во Тусон бил однапред испланиран

Атентаторот од Тусон, кој ја нападна американската конгресменка Габриел Гифордс, е најверојатно лице со психички пореметувања. Атентаторот, чие обвинение содржи пет точки, денеска ќе биде изведен пред истражен судија.

default

Америка е во шок по нападот во Тусон

22-годишниот Џеред Ли Лафнер, осомничен дека го извршил нападот во градот Тусон, во американската сојузна држава Аризона, имал намера да ја убие конгресменката Габриел Гифордс. Истрагата ваквиот заклучок го изведува врз основа на писмо на Лафнер, пронајдено при претресот на неговиот стан. Освен тоа, во еден сеф во станот е пронајден и плик на кој стоело „Планирав однапред“, „Мојот убиствен напад“ и „Гифордс“. Според шерифот кој раководи со истрагата за случајот, Клеренс Дапник, нема сомневање дека извршителот на делото е „многу пореметена личност“.

Лафнер беше уапсен во саботата, пред еден трговски центар во Тусон. Во нападот чија цел била конгресменката Гифордс, загинаа шест лица, а повредени се 14-мина. Мотивот за нападот и натаму не е познат. Лафнер пукал во Гифордс од непосредна близина, за време на една средба со конгресменката со избирачите. Гифорд е погодена во главата, но лекарите се оптимисти и сметаат дека ќе преживее. Вчера, по извршената операција, Гифордс реагирала, а подоцна е ставена во состојба на вештачка кома.

Гифордс и понатаму во критична состојба

„Конгресменката Гифордс комуницираше со нас утрово и поради тоа сме многу охрабрени. Состојбата е и натаму критична“, изјави доктор Мајкл Лимол по операцијата.

Меѓу убиените во Тусон се и едно деветгодишно девојче, еден судија од Аризона и соработници на конгресменката. Петмина од повредените, според болнички извори, се се‘ уште во критична состојба. Според властите, крвопролевањето запрело дури откако две лица го совладале напаѓачот. Второто лице, за кое постоеше сомневање дека е соучесник во нападот, во меѓувреме е ослободено. Се утврдило дека е тоа таксист кој го довезол напаѓачот до местото на нападот.

NO FLASH Anschlag Arizona USA Gabrielle Giffords

Конгресменката Гифордс е во критична состојба

Американскиот претседател Барак Обама нападот го нарече „трагедија за целата земја“. Истрагата смета дека крвопролевањето е резултат на политичката реторика во земјата која е се‘ повеќе исполнета со омраза. Демократката Гифордс во ноември, минатата година, победи тесно на изборите во Аризона, пред републиканец, кој имаше поддршка и од конзервативната Ти Парти. Во март 2010 година беше уништена канцеларијата на Гифордс, само неколку часа откако таа го даде својот глас за здравствената реформа во земјата. Републиканката Сара Пејлин, пред изборите за Конгресот во ноември, мандатот на Гифордс го означи како една од најважните „цели“ и нејзината изборна еднициа на својата интернет страница ја претстави со мета. Поради тоа, Пејлин е предмет на жестоки обвинувања.

Автор: ЕМФ/дпа/дв

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM