1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нападот во Пуне е терористички

Во нападот што се случи во еден од најомилените локали во индискиот град Пуне, загинаа девет лица, меѓу кои и еден Италијанец и еден Иранец. Повредени се околу 60 луѓе. Полицијата тврди дека нападот е терористички.

default

Кафулето „Џерман бејкери“ е комплетно уништено. Експлозијата била толку силна што се оштетени и околните објекти. Држaвниот секретар во министерството за внатрешни работи на Индија, Гопал Пилаи, соопшти: „Во кафулето е пронајден ранец кој, како што изгледа, не

Explosion in Pune, Indien

Експлозивот бил сокриен во ранец

му припаѓал никому. Еден од келнерите се обидел да го отвори ранецот и бомбата експлодирала.“

Меѓу повредените има голем број странски државјани, меѓу кои и еден германски. „За среќа, преживеаја сите мои пријатели“, вели еден од туристите, кој додава: „Никој не ни‘ помогна. Моравме сами да ги префрламе повредените во болничките возила.“

Полицијата бара траги на местото на експлозијата кои би укажувале на можните извршители. Многумина веруваат дека атентатот е дело на пакистанската исламистичка група Лашкар-е-Таиба, која стоеше и зад нападите во Мумбај пред година и половина.

Автор: ЕМФ/БГ/Т.Јаншчки/афп