1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нападнат карикатуристот на Мохамед

Напаѓач вооружен со секира, се обиде да го убие данскиот автор на карикатурите на Мохамед, Курт Вестергаард. Според тајнската служба на Данска, напаѓачот имал врски со истамистички терористи.

default

Живот под полициска заштита - Курт Вестергаард

Oсомничениот исламист од Сомалија, вооружен со секира и нож, упаднал во куќата на данскиот карикатурист Курт Вестергаард во Архус, западна Dанска, денеска изутрина. Авторот на карикатурите на пророкот Мохамед, кој е познат дански карикатурист, успеал да се сокрие во обезбедена просторија, или како што се нарекува „соба за случаи на паника“. Од неговото скривалиште Вестергаард успеал да и` јави на полицијата дека напаѓачот е во неговиот дом.

Полицијата го сопрела 28-годишниот напаѓач со истрели во ногата и раката. Претходно напаѓачот успеал да фрли со секирата по еден од полицајците. Раните на Сомалиецот не се опасни по живот, соопшти полицијата. По инцидентот, 74-годишниот Вестергаард изјави дека напаѓачот се обидел од секира да ја скрши вратата на обезбедената соба и на лош дански јазик викал „одмазда“ и „крв“. За време на нападот, во домот на карикатуристот била и неговата петгодишна внука. Вестергаард уште во текот на ноќта е пренсен на сигурно место.

Тесни врски со Ал Каеда

Angriff auf Kurt Westergaard

Полицијата за кратко време беше во домот на Вестергаард

Напаѓачот, веднаш по инцидентот, е однесен во болница. Против него се води истрага за обид за убиство. Според данската тајна служба ПЕТ, Сомалиецот имал тесни врски со водечки членови на терористичката мрежа Ал Каеда во Источна Африка. Тој во Данска бил со легална дозвола за престој, а веќе подолго време бил набљудуван од страна на властите, во врска со заканите што се упатуваат на сметка на Вестергаард. Засега е нејасно дали напаѓачот дејствувал сам.

Данскиот весник „Јиландс Постен“ во септември 2005 година објави карикатури на пророкот Мохамед кои предизвикаа протести во муслиманскиот свет. Во безредијата поради карикатурите ширум светот загинаа најмалку 150 луѓе. Оттогаш карикатуристот Вестергаард редовно добива закани за убиство и е под полициска заштита.

Автор: ДВ/Е.М.Ф./Т.Т.

Редактор: Трајче Тосев