1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нападната претседателската палата во Кабул

Офанзивата на талибанците во Авганистан продолжува - тие ја нападнаа претседателската палата во Кабул. Во престрелката со безбедносните сили, како што се тврди во Кабул, се убиени сите напаѓачи.

Талибанците презедоа одговорност за нападот уште додека траеја престрелките. Покрај пукотници, се слушаа и експлозии, особено на почетокот на нападот. Според наводи на шефот на полицијата во Кабул, состојбата е вратена под контрола за околу 90 минути. Сите напаѓачи се убиени.

Авганистанските безбедносни сили во текот на изминатата недела ја презедоа од НАТО одговорноста за безбедноста во целата земја. Сепак, нападот од изутринава, кој се случи во најобезбедуваната зона во Кабул, покажува колку авганистанската држава стои на стаклени нозе.

Kabul Angriff Präsidenten-Palast Rauch

Ова е трет напад за краток период

Во непосредна близина на претседателската палата се наоѓаат и авганистанското Министерство за одбрана и главниот штаб на американската тајна служба ЦИА. Според изјави на очевидци, било пукано и од зградата на ЦИА.

Ова е трет голем напад на радикалните исламисти во Кабул за неколку недели. Претходно, талибанците ги нападнаа меѓународниот аеродром и Врховниот суд. Новиот напад се случува околу една недела по изливот на бес на претседателот Хамид Карзаи поради свечената церемонија на отворањето на канцеларијата на талибанците во емиратот Катар. На својата нова канцеларија за врски исламистите го ставија старото знаме и се инсценираа како алтернативна влада на Авганистан под името „Исламски Емират Авганистан“. По ваквиот потег, САД ги одложија своите први формални разговори со талибанците.