1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Напади на северот на Авганистан

На северот на Авганистан вчера беа убиени четворица авганистански соработници на меѓународната хуманитарна организаиција Екшн Еид. Непознти лица отвориле оган и ги убиле трите жени и еден маж, се вели од страна на полицијата. Бундесверот тежиштето на својот ангажман сега го префрли во Мазар и Шариф. Во понеделиникот во анти – американски немири во Кабул загинаа најмалку 14 лица.

Од нападите во Кабул

Од нападите во Кабул

Досега северот на Авгаистан важеше за релативно безбеден. Но во регионот на ист ден се случија два смртносни напада. Во провинцијата Џавсџан убијците дојдоа на моторцикли. Повеќе мажи се приближија до автомобилот на Екшн Еид и ги убија тројцата авганистански соработници на хуманитрната организаиција и нивниот возач.

Гувернернерот на провинцијата одговорноста за нападот ја префрли на Талибанците. Според мустрата на крвавото дело, набљудувачите сметаат дека тоа е можно. Во северно авганистанската провинција Џавсџан оперираат помалин групи на Талибанците. Местото се наоѓа на околу 100 километри од Мазар и Шариф. Таму Бундесверот утре ќе ја преземе регионалната команда за северот од меѓународните ИСАФ трупи.

Областа важи за побебзедна од југот, но како немирна и нестабилна се вели од Бундесверот. Војниците на германската армија се одговорни и за северо – источната провинција Бадахшан, месотото каде се одигра вториот смртоносен напад. Таму беше активиран екплозив кога минуваше возилото на американска консалтинг фирма. Убиени беа двајца Авганистанци, а двајца странци повредени.

Еден ден по нападите во главниот град Кабул ситуацијата е напната, но немаше нови инциднети. Владата воведе полициски час од 22 до 4 часот наутро. Засилено е присуството на полицијата и војнициите, а патролираат и ИСАФ трупите. ОН сеуште не ги обновија своите активности, за сите нивни соработници сеуште важи забрана за излез.

Претседателот Хамид Карзаи во телевизиски говор го повика насленеието на мир, одговорноста за вчерашните напади според него е кај бунтовниците и најави дека ќе ги казни виновниците како и дека ќе се спроведе истрага за сообраќајната несреќа.

Полицијата и армијата и натаму остануваат во највисока готовност а набљудувачите сметаат дека се можни нови демонстрации, по петочната молитва, како мотив ги наведуваат незадволство од лошата економска состојба, спората обнова на земјата, влошената безбедносна состојба и анти американското расположени кај делови од населението.