1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Напади врз две синагоги во Истанбул-24 загинати

Во две силни експлозија пред две синагоги во Истанбул,Неве Шалом и Бет Израел, денеска според првите извештаи загинале 24 лица,додека неколку десетици се повредени.Одговорноста за експлозиите според турските медиуми ја презела една исламистичка група.

Станува збор за две автомобил бомби и веројатно самоубиствени атентати.По детонацијата пред едната синагога се отворила голема дупка на улицата.

Синагогата Неве Шалом во европскиот дел на градот,Бајоглу,порано беше цел на тежок напад во 1986 година,при кој беа убиени 24 лице.

Од последиците на експлозијата по должината на улицата пред неа се оштетени бројни продавници и возила,како и историската Галата кула.Таа инаку беше омилена цел на туристите.На одделни места изби и пожар.

Речиси истовремено и во друг дел од Истанбул се случи исто така силна експлозија пред друга синагога,Бет Израел,во која се повредени многумина.Турската агенција Анадолу информира за најмалку 80 повредени,кои по двете експлозии биле пренесени во неколку болници во градот.

Во напад врз еврејска синагога на тунискиот остров Џерба на 11 април минатата година загинаа 21 лице,меѓу нив и 14 германски туристи,а одговорноста за неа ја презеде терористичката мрежа на Ал Каеда.