1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нападите врз Либија продолжуваат

Меѓународната заедницa ja продолжува воената офанзива против Либија. Над либиското небо се појавија француски и британски воени авиони, а американската армија се вклучи со ракетирање од море. Гадафи возврати со закани.

default

САД и Велика Британија вчера (19.03.2011) од вони бродови и подморници извршија ракетни напади врз цели на режимот на диктаторот Моамер ел Гадафи. Француски и британски воени ловци, пак, бомбардираа цели во близина на либискиот брег и главниот град Триполи. Воената интервенција одобрена од ОН треба да спречи, Гадафи и натаму да води војна против сопствениот народ. Според информации на американското министерство за одбрана биле испукани повеќе од 110 ракети. Цел на нападите биле околу 20 воени објекти, изјави вицеадмиралот Вилијам Гортни. Француските борбени ловци стрелаа врз возило на либиската армија. Според информации на арапската телевизија Ал Џазира, авионите погодиле и четири оклопни возила на трупите на Гадафи во близина на Бенгази.

NO FLASH Libyen Rebellen Kampf

Нападите врз Либија почнаа паралелено со оддржувањето на вонредната седница на маѓународната заедница во Париз под водство на францускиот претседател Никола Саркози, кој се залагаше за воената акција. Претседателот на САД Барак Обама издаде наредба за учество на американската армија во „ограничена воена операција во Либија“. „Акцијата почна“ рече Обама при посетата на Бразил и дополни дека САД нема да испратат копнени трупи.

Либискиот властордржец реагирше со зборовите: „Средоземното море ќе стане војно поле“ - куса порака пренесена преку државната либиска телевизија вчера вечер. Либискиот народ е подготвен за борба „ќе ги отвориме складишата со оружје за сите Либијци“, истакна Гадафи. Информациите за напади на трупите лојални на Гадафи врз Бенгази, владата ги отфрли. Министерот за надворешни работи Муса Куса во Триполи изјави: „Целосно се придржуваме до еднострано прогласеното примирје и прекинување на сите воени операции.“ Меѓутоа, според очевидци, трупите на Гадафи го напаѓале градот Бенгази кратко пред почетокот на самитот во Париз.

Автор: МЛ/ АТ/ ТТ/ дпа/афп/ртр

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM