1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нападите во Лондон дело на бомбаши самоубијци

Четворицата терористи кои ги извршија нападите во лондонското метро и врз еден од автобусите во градот се бомбаши самоубијци со пакистанско потекло родени во Велика Британија, потврдија безбедносни извори. Полицијата дошла до такви податоци откако на местата на нападите се пронајдени документи на тројца од четворицата терористи.

Во лондонското метро се уште има тела на загинатите во нападите

Во лондонското метро се уште има тела на загинатите во нападите

До пресверт во истрагата дошло откако мајката на еден од напаѓачите пријавила во полицијата дека го нема нејзиниот син, притоа плашејќи се да не е меѓу жртвите на лондонските експлозии.

Потоа на една од снимките на бројните камери по станиците на лондонското метро и по градот регистриран е еден од осомничените терористи додека неколку дена пред нападите шетал околу станицата Кинг Крос, каде ѕагинаа најмногу патници.

Шефот на антитерористичките операции на Скотланд Јард, Питер Кларк изјави оти полицијата има докази само за едниот од осомничените, кој загинал во нападот. Терористите биле на возраст од 19 до 30 години.

,, Знаеме дека сите четворица дошле во Лондон со воз, во четвртокот наутро, на 7 јули. Ги идентификувавме преку снимката која ги покажува на Кинг Крос станицата, кратко пред 8. 30 часот тоа утро“ посочи Кларк.

Прво се тврдеше дека атентатите во Лондон не се дело на самоубијци, па потоа дека тоа бомбаш самоубиец најверојатно бил само атентаторот во автобусот, за сега да се појави ново тврдење кое може да предизвика нова радикалиѕација на односите во јавноста со бројното муслиманско население во Велика Британија.

Во земјата живеат околу 1, 6 милиони муслимани кои веќе тврад дека се изложени на незапаметена исламофобија, со закани за физички напади, навреди по пошта, кршење и потпалување на џамиите во неколку делови во Лондон и Англија.

Полицијата, вчера во Западен Јоркшир, уапси едно лице, а потврдено е дека во операцијата во градот Лидс покрај полицијата учествувала и војската. Тие заедно упаднале во една куќа, а се блокирани и се уште се под опсада уште шест улици. Евакуирани се 600 жители на тој дел од градот. Соопштено е дека целата операција е директно поврзана со случувањата во Лондон од минатиот четврток и оти е извршена контролирана експлозија во зграда што е освоена во операцијата. Слична операција полицијата спроведе и во Лутон, населба споена со Лондон, североисточно од британскиот главен град. Полицијата, претходно во Ватјхол, каде е сместена државнтата администрација и во близина на мостот Ватерло, спроведе и неколку други акции за отстранување на сомнителни пакети.

Во нападите во центарот на Лондон загинаа 52, а повредени се над 700 лица. Дваесетина се уште се водат како исчезнати во нападите.