1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Наместо фрлање - размена на храната преку интернет

Огромен број прехранбени производи секојдневно во Германија завршуваат на отпад. Интернет платформата foodsharing.de е основана со цел борба против менталитетот на фрлање храна. Оваа платформа нуди размена на храна.

„Прополис се добива од мед и важи за природен лек. Јас го пробав, но брзо сфатив дека сум алергична на него. Бидејќи е многу скап, помислив да го понудам. Инаку би била штета да го фрлам“, вели Уте Кос која за онлајн платформата foodsharing.de дознала од телевизија пред неколку недели. И долго не се двоумела таму да го понуди својот прополис.

Сите, дали да станува збор за приватни лица или компании, можат едноставно да се пријават на овој портал, таму да нарачаат „кошничка за храна“ каде што можат да ги опишат производите кои сакаат бесплатно да ги понудат. Што и во кој град е можно превземањето може да се дознае благодарејќи на интерактивната карта. Порталот започна со работа пред 4 недели, а веќе сега брои повеќе од 5.000 члена.

Foodsharing Ute Kos

Уте Кос

„Јас еднаш имав премногу јаболки кои беа многу вкусни, но не можеа долго да седат. Поради тоа ги понудив преку платформата. А тогаш дојде една млада жена и ми понуди вреќичка блитва. Јас тоа не го побарав, но секако се израдував“, кажува Валентин Турн.

Тој е еден од основачите на палтформата foodsharing.de и автор на документарни филмови. Во неговиот филм „Пробај го отпадот“ тој се пресметува со општеството кое живее во изобилство и кое повеќе не знае да ги цени вредностите на прехранбените производи: „Кога стигна филмот во кино, ни се јавија голем број помали пекари кои не прашаа што можат да направат со остатокот од бројни пецива.“

Премногу купување и премногу фрлање

Така е брзо родена идејата за основање на платформата foodsharing.de. Значи, човек кој е по природа егоист, ја откри распределбата. Автомобили, велосипеди, слики, канцелариски простории- економијата на распределбата е во пораст. Зошто сега да не се дели и храната. Бидејќи тоа го има доволно- купуваме премногу, готвиме во големи количини, а остатоците не ги искористуваме. Секој Германец годишно фрла околу 80 килограми прехранбени производи. Поради тоа примарна цел на платформата foodsharing.de е да направи нешто против тоа и да создаде нова свест за прехранбените производи.

Autor Valentin Thurn

Валентин Турн

Интересот за берзата на размена на интернет е голем. Пред основачите на foodsharing.de стои уште многу работа: „Сакаме да направиме апликација за да можат луѓето додека одат од работа накај дома да видат на своите смартфони дали во нивното соседство има во понуда кошничка храна. Сакам бројот од 5.000 да се зголеми на 500.000 бидејќи тогаш ќе биде достигната големина која може да функционира во соседството. Се надевам дека не само што ќе ги спасиме прехранбените производи туку и ќе се создадат мрежи во соседството“, вели Валентин Турн кој всушност повеќе сака да и’ се посвети на својата работата фимски продуцент. Но засега работата околу платформата практично му го одзема целото слободно време, кажува тој смешкајќи се задоволно.