1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Намаленa продажба на земјоделски производи - зголемени трошоци за живот во Македонија

Вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јули годинава во Македонија е намален за 13,2 проценти, споредено со истиот период лани, и изнесува 998.346.000 денари. Во август, пак, пораснале трошоците за живот

Овие податоци денеска ги објави Државниот завод за статистика. Продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 24,9 проценти. Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена, пак, за 7,1 проценти. Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи статистиката регистрира кај житата и овошјето, додека кај сите други земјоделски производи се забележува зголемување.

Државниот завод за статистика бележи и зголемување на трошоците за живот во август во однос на јули. Тие во овој период се зголемиле за 0,3 проценти. Трошоците на животот се мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка. Во август во однос на јули оваа година пораст на трошоците на живот е забележан во

Групите - транспорт за 1,8 проценти, храна и безалкохолни пијалаци и мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,4 проценти, алкохолни пијалоци, тутун, рекреација и култура и останати стоки и услуги за 0,1 проценти.

Доколку се споредува со истиот период минатата година, тогаш се забележува зголемување на трошоците за живот за 2,8 проценти.

Статистика во август во однос на јули годинава евидентира намалување на трошоците на живот во групите: облека и обувки за 0,2 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 процент. На ниво од претходниот месец останале трошоците за групите: здравје, комуникации, образование и ресторани и хотели.