1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Намален кредитниот рејтинг на осум од најголемите банки во светот

Рејтинг агенцијата „Фич“ го намали рејтингот на осум од најголемите банки во светот, меѓу кои и Дојче банк, Банк оф Америка и Сосиете женерал.

default

Конкретно, рејтингот на Дојче банк е оценет со „А+“, што претставува намалување од претходната оценка „АА-“ дадена од рејтинг агенцијата „Фич“. Во исто време, агенцијата „Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на десет шпански банки и предупреди на натамошно снижување.

Од „Стандард и Пурс“ информираат дека „при испитувањето на рејтингот на десетте шпански финансиски институции се применувани нови критериуми за оценка на рејтингот и за модернизираната технологија на банките“.

Намалувањето на рејтингот ги зголемува предизвиците со кои се соочува банкарскиот сектор поради слабиот економски раст и зголемената регулација.

„Пирејска банка“ од Грција бара помош од државата

Четвртата по големина банка во Грција „Пирејска банка“ вчера (15.12) побара државна помош од 400 милиони евра во замена за издавање преференцијални државни обврзници. Рејтинг агенцијата „Мудис“ на крајот од минатиот месец предупреди дека бранот на национализација на банките во Грција може да биде потребен за да опстане банкарскиот сектор во целина.

„Пирејска банка“, како и останатите грчки банки, раздрмани од кризата на ликвидност, одлив на капитал во странство и губитоци поради простувањето на долгот на грчката држава со одлука на ЕУ, падна во „црвено“ и во опасност од делумна или целосна национализација. Губитокот за само девет месеци од оваа година и‘ е 1,153 милијарди евра.

Автор: Александар Методијев/ ап/ ројтерс/ миа/ бета

Редактор: Александра Трајковска