1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Намален кредитниот рејтинг на Европскиот фонд

Со намалувањето на рејтингот на Европскиот фонд за финансиска стабилност во прашање се доведуваат кредитни гаранции. Шефот на ЕЦБ Марио Драги бара брза примена на планираните фискални правила во Унијата.

default

Рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“ објави дека ја намалува оценката за кредитоспособноста на европскиот спасувачки фонд за еден степен од ААА на АА+. Намалувањето на оценката би можело да ги ограничи можностите на Европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФФС) да привлекува евтини средства за постигнувањe на своите цели. „Стандард и Пурс“ веќе го намали рејтингот на Франција и Австрија, додека останатити четири земји во еврозоната кои имаат рејтинг од три А нема да можат да обезбедат доволно гаранции за кредитниот фонд во висина од 440 милијарди евра.

Шефот на Европската централна банка Марио Драги изјави дека кризата во еврозоната во последните месеци се влошила и ја окарактеризира ситуацијата како „многу сериозна“. Ние се наоѓаме во многу сериозна ситуација и не треба да се плашиме да го признаеме тој факт, истакна Драги. Тој исто така предупреди дека европските напори за затегање на фискалните правила во Унијата во одговор на кризата треба да бидат брзо применети.

Автор: БГ/ АТ/ миа

Редактор: Ж. Ацеска