1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Намалена опасноста од појава на цунами на Хаваи

Тежок земјотрес пред брегот на Канада синоќа предизвика предупредување од цунами на Хаваите, но очекуваните големи бранови изостанаа, предупредувањето е укинато.

Укинато е предупредувањето од појава на цунами на Хаваи, соопштија локалните власти.

„Според сите податоци со кои располагаме, намалена е опасноста од појава на цунами“, се наведува во соопштението од Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами.

Од Центарот посочуваат дека брановите и понатаму претставуваат опасност за пловните објекти и оти за нив предупредувањето важи уште неколку часа.

Националната метеоролошка служба на САД во меѓувреме го укина предупредувањето за појава на цунами во Канада и во Орегон, а предупрадувањето останува во сила за Северна Калифорнија.

Цунами предизвикано од денешниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата скала регистриран во канадската провинција Британска Колумбија, се движеше кон Хаваи, каде беше прогласена вонредна состојба, а жителите и туристите беа евакуирани.

Локалните власти наредија евакуација на најмалку 100.000 луѓе на Хаваи. Гувернерот на Хаваи, Нил Аберкромби прогласи вондредна состојба.

Највисокиот бран на островот Алоха достигнал до 40 сантиметри, а пред бреговите на Калифорнија и Орегон до 70 сантиметри. Нема извештаи за жртви или штети на Хаваите или на американскиот брег.