1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Намалена надеж за иранската опозиција

Оние кои се надеваа дека преку демократски протести ќе можат да го спречат „устоличувањето“ на Махмуд Ахмадинеџад на функцијата претседател на Иран со втор мандат, мораа да се соочат со разочарување.

default

Уште една победа: старо новиот претседател Ахмадинеџад

Официјализирањето на вториот мандат на Махмуд Ахмадинеџад е логична последица на тврдењето на властодржците во Техеран дека претседателските избори од 12 јуни беа сосема коректни и дека досегашниот претседател на нив освоил уверлива победа. За опозиционите политичари и за разочараните избирачи ова е меѓутоа уште една шлаканица в лице. Сите улични протести не само што останаа попусто, туку напротив само го зголемија притисокот на владеачките структури. Демонстрациите се забранети, против непослушните демонстранти се применува драконска сила, известувањето на медиумите е забрането или барем попречувано, илјадници демонстранти беа уапсени, стотина од нив се изведени пред суд за обид за уривање на поредокот на исламската република, за што можат да заработат дури и смртна казна во политички монтираните процеси.

Добра инсценација

И тоа е исто така добро синхронизиран политички театар: Ахмадинеџад со сите почести полага заклетва за втор мандат, а неговите политички конкуренти се соочени со клевети дека биле продолжена рака на странските сили и работеле на уривање на исламската република. На ваквата инсценација може да и’ верува оној, кој сака. Но, ако некој подобро погледне во фактите, дури ни изнудените признанија на дел од обвинетите во судскиот процес не даваат подлога за вакво тврдење.

Chatami fordert Ende des Sitzstreiks im iranischen Parlament

Стои ли зад опозиционото движење? Поранешниот претседател Хатами

Исто така ни наводниот комплот меѓу лидерот на опозицијата Мир Хосеин Мусави и претходните двајца претседатели на Иран, Хатами и Рафсанџани, кои наводно ги обединиле силите за да го спречат реизборот на Ахмадинеџад. Она што во демократските системи се нарекува предизборен сојуз, во Иран веднаш се смета за завера против државното раководство, а што е уште полошо дури и против духовниот лидер и клучната фигура на моќ во Иран, ајатолахот Али Хамнеи. Со оглед на неговата недоприлива позиција во иранскиот систем, тоа се речиси измислици.

Зошто „малите риби“?

Но, кога актуелните властодржци во Иран на место тројцата наводни креатори на заверата пред суд ги изнесуваат нивните соработници и помошници, тогаш тоа покажува дека на ајатолахот Хамнеи и на неговите поддржувачи им е сепак јасно дека не станува збор само за тројца поранешни носители на високи државни функции. Тие гледаат дека неодамнешните масовни протести имаат подлабоки причини и се должат на широкото незадоволство на иранскиот народ од состојбата во земјата. Освен тоа тие знаат дека демонстрациите се само надворешен изблик на внатрешно-политичката борба за моќ, што ни од далеку не е довршена. Особено двајцата поранешни претседатели Хатами и Рафсанџани бараат далеку поголеми права и слободи за граѓаните, дури поголеми и од оние што тие за време на нивното владеење сакаа или беа во состојба да ги дозволат. Се’ додека тие, како крупни фигури останат на нивните барања за поголема демократија, опозицијата може да има уште каква-таква надеж за промени. Доколку и тие бидат замолчени или изведени пред суд, тогаш многумина ќе ја загубат и последната надеж - и насилството може дури тогаш навистина да ескалира.

Автор на коментарот: Петер Филип

Превод: Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска