1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Налог за апсење на Флоренс Артман

Меѓународниот суд за воени злосторства на територијата на поренешна Југославија во Хаг издаде налог за аспење за поранешниот портпарол на Судот, Флоренс Артман.

default

Флоренс Артман

Поранешната француска новинарка Флоренс Артман во 2009 година е обвинета и осудена за повреда на тајноста на судот и за објавување на доверливи судски документи.

По жалбата на првичната пресуда, Артман беше осудена да плати парична казна од 7.000 евра. Судот во Хаг тврди дека казната се’ уште не е платена, иако Французинката се брани дека парите за казната биле префрлени на една француска сметка.

Во соопштените на овој меѓународен суд, што го пренесуваат лондонските медиуми, се наведува дека „на француските власти им е даден налог, со овластување да ја бараат, најдат, уапсат и задржат во затвор, француската државјанка Флоренс Артман“. Таа се соочува со затвор од седум денови.

Артман работеше како портпарол на Трибуналот во Хаг до 2006 година. По повлекувањето од таа функција, напиша книга под наслов „Мир и казнување“, посветена на судските процеси за воените злосторства на територијата на поранешна Југославија. Во еден напис, таа откри детали од „доверливи документи“ за вмешаноста на српската влада во војната во Босна и Херцеговина, во деветедестите години од 20 век.

Автор: СН/ ЖА/ миа

Редактор: Александра Трајковска