1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Налепниците ФИРОМ - непринципиелна провокација

На некои возила со нови таблички им се лепат налепници на други не, мерката е провокација која се применува селективно, тврди заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров.

„Би сакал да слушнам на кој член од Привремената спогодба се повикува Атина кога ја објаснува најновата провокација со лепење на налепници на регистарските таблички на возилата од Македонија“, изјави за Дојче веле, заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров.

Потврда дека станува збор за провокација, според Петров, е фактот што Грција се однесува непринципиелно во однос на времената спогодба.

„Сега Атина се повикува на документотот што го прекрши во неколку наврати и го загуби спорот пред меѓународниот суд во Хаг поради тоа непочитување на спогодбата“, вели Петров.

Vize Außenminister Zoran Petrov Mazedonien bei Informellem Treffen der NATO-Außenminister

Зоран Петров

Вториот човек на македонската дипломатија во разговорот за Дојче веле тврди дека согласно спогодбата на која се повикува Канцеларијата за врски на Грција во Скопје во писменото соопштение, МК е меѓународно признаен код и во ниту еден документ не се оспорува неговата употреба.

„Освен тоа и самиот се уверив дека оваа мерка се применува селективно во зависност од моменталното расположение и инспирација на грчките погранични полицајци и цариници. На некои возила им лепеа налепници, други иако имаа нови регистарски таблички ги пропуштаа без да им залепат налепница со ознаката ФИРОМ“, објаснува Петров.

Канцеларијата за врски на Грција во Скопје во писмено соопштение се произнесе дека населението во Македонија е доведено во заблуда поради медиумските извештаи за покривање на македонските регистeрски таблички.

Во соопштението стои дека влезот „на грчка територија на возилата регистрирани во Поранешната југословенска Република Македонија, со регистeрски таблички кои го користат кодот МК“ е регулиран „со практични мерки поврзани со Привремената спогодба и тоа е договорено од двете страни“.

Mazedonien Alexandra Papadopulu griechische Botschafterin in Skopje

Грчката амбасадорка во Македонија Александра Пападопулу

Од Канцеларијата за врски тврдат дека „грчките царински службеници целосно ја применуваат оваа регулатива, ставајќи ги налепниците на задното стакло на возилото“, но негираат дека тоа го правеле на самите регистeрски таблички.

„Канцеларијата за врски сака да повтори дека граѓаните на Поранешната југословенска Република Македонија се добредојдени во Грција. Какви било обиди за нивно обесхрабрување да ја посетат Грција или секои изјави кои доведуваат во заблуда се контра-продуктивни“, стои во соопштението.

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски вчера упати апел Грција да не ги провоцира туристите од Македонија.

„Гестовите на провокација не можат да придонесат за подобрување на односите меѓу двете земји. Македонија од Грција очекува добра волја, приближување и стимулирање добри односи, а не провокации“, изјави Поповски.